ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема, „Преку почитување на различностите до справување со дискриминацијата“.
Учесници на панелот се Маја Раванска, одговорна уредничка во уличното списание „Лице в лице“, и активистот Гуѕим Нухиу.
Тема на панелот е институционалната, медиумска и општествена (родова, етничка, социјална) (не)дискриминација, колку се почитуваат различностите во институциите, медиумите и во општеството, како до подобра комуникација помеѓу различни групи и заедници, препорака за практики за недискриминација во сите наброени аспекти.
Панелот е дел од проектот „Направи разлика, почитувај ги различностите“, во соработка со Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.