• Latest

Војната во Украина и пенетрацијата на Кина во регионот ги враќаат САД на Западен Балкан

October 24, 2022
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Војната во Украина и пенетрацијата на Кина во регионот ги враќаат САД на Западен Балкан

October 24, 2022 12:52
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

До крајот на годината се очекува да биде усвоен Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан (Western Balkans Democracy and Prosperity Act), кој како предлог на група американски сенатори во која има петмина од Демократската и двајца од Републиканската партија беше пуштен во постапка во институциите во Вашингтон на 2 август 2022.

Ако се има предвид временската рамка во која започна и се спроведува двопартиската иницијатива за овој акт на ниво на закон, не може да се избегне заклучокот за неподелен консензус во Вашингтон дека САД треба да го вратат фокусот на Западен Балкан како една од ризичните алки на Европа, кога на регионот му се заканува да биде вовлечен од руското влијание како бонус за Кремљ од војната во Украина.

„Руската војна против Украина очигледно го врати интересот за регионот“ – вели Чарлс Купчан, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен директор на Советот за национална безбедност за Европа за време на мандатот на претседателот Барак Обама, откако во декември 2021 година напиша дека „САД го ставија регионот на втор план додека го фокусираа своето дипломатско и воено внимание на Блискиот Исток и Индо-Пацификот“.

Искусниот аналитичар вели дека, кога станува збор за регионалните приоритети, Западен Балкан е на врвот на приоритетите на САД, на администрацијата на актуелниот претседател Бајден и како „незавршена задача“ за северно-атлантската заедница.

Освен заради „малигните“ влијанија на Кремљ, мотиватор на оваа стратешка операција се и порастот на глобалните импликации од влијанијата на Кина која исто така се обидува да пенетрира на Западен Балкан.

Иницијатори на Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан, сенаторите од Демократската партија Крис Марфи, Дик Дурбин, Крис Ван Холен и Бен Кардин и републиканците Роџер Викер и Том Тилис, предводени од сенаторката Џин Шахин, сите членови на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат. Главни столбови на овој акт на ниво на легислатива се поддршката за воспоставување регионална иницијатива за трговска и економска конкурентност за развој на демократијата, економијата и просперитетот во регионот и посебни овластувања за државниот секретар на САД, за да се обезбеди финансиска и техничка помош за секоја земја од Западен Балкан, за да развие одржлива и применлива национална антикорупциска стратегија.

Двопартискиот предлог-закон ги актуелизира двете извршни наредби на претседателот на САД за применливи овластувања за санкции против поединци во регионот коишто го загрозуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и се вклучени во коруптивно однесување.

Со кодификација на овие две извршни наредби ќе се овозможат постапки против сите поединци кои ги поткопуваат демократските процеси, ги прекршуваат, опструираат или претставуваат закана за имплементација на меѓународни мировни договори, или/и учествуваат во сериозна злоупотреба на човекови права, во корупција, и други активности против демократијата и просперитетот на земјите од Западен Балкан.

Како значајни активности кои ќе добијат поддршка со овој закон, сенаторите ги сметаат зајакнувањето на универзитетските партнерства, ангажманот на волонтерите на Мировниот корпус (Peace Corps) во регионот и младинските лидерски иницијативи на Балканот.

Посебно значајна одредба во текстот на овој акт за демократија и просперитет на Западен Балкан е законската обврска за отворање регионална канцеларија на Развојната финансиска корпорација на САД – РФК (U.S. International Development Finance Corporation – DFC), која, како јавно-приватна финансиска, соработува со приватниот сектор за финансирање решенија за најкритичните предизвици со кои се соочува светот во развој денес.

Приоритетните сектори на РФК се поддршка на инвестициите во енергетиката, здравството, критичната инфраструктура и технологија, како и финансиската помош за развој на мали бизниси и жени претприемачи за нови работни места на пазарите во развој.

Поддршката на националните и на регионалните економии е од особена важност кога постои ризик од зголемување на јазот во економскиот просперитет заради последователните кризи од пандемијата и економската, предизвикана од војната во Украина, особено кај земјите што не се членки на ЕУ.

Предлог-законот за демократија и просперитет на Западен  Балкан на сенаторите Шахин, Марфи, Дурбин, Ван Холен, Кардин, Викер и Тилис, во фокусот на својот интерес ги има поддршката на регионалните економски иницијативи, како што се Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и иницијативата Отворен Балкан, борбата против кампањите со дезинформации насочени кон Западен Балкан, како и зависноста од руските извори на природен гас на земјите од Западен Балкан.

Намалувањето на зависноста на Западен Балкан од руските енергенси е од национален интерес на Соединетите Држави, се вели во „преамбулата“ на предложениот законски текст кој се очекува да биде усвоен до крајот на годината.

Поддршката на САД со овој предлог се насочува и кон развојот на силни граѓански општества, независни медиуми, транспарентно и одговорно владеење, и на поддршката на Вашингтон во пристапот на земјите од регионот кон Европската Унија и кон НАТО за оние кои сакаат членство.

Предводничката на оваа иницијатива, сенаторката Џин Шахин, заедно со останатите сенатори во различни состави, во неколку наврати престојуваше во регионот и во своите изјави јасно стави до знаење дека „односот на Соединетите Држави со Западен Балкан е клучен“, и дека овој регион  го заслужува вниманието „во услови на руска војна во Украина“ и „јасните амбиции на Путин да шири малигно влијание низ Источна Европа“.

За сенаторот Крис Марфи „одржувањето на мирот на Балканот е од клучно значење за европската безбедност, особено кога Путин станува сѐ поочаен во Украина и може да се сврти кон други земји во потрага по победа“.

Сенаторот Марфи, кој патем е еден од најгласните поддржувачи на Северна Македонија уште од Договорот од Преспа и вклучувањето на земјата во НАТО, истакнува дека „САД мора да го продлабочат својот ангажман и дека оваа легислатива ќе ги зајакне американско-балканските врски, ќе ги прошири економските можности и ќе ги поддржи напорите за унапредување на демократијата и искоренување на корупцијата“.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ