• Latest

Вработени во државна институција пет месеци без раководство и без плати

August 20, 2018

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вработени во државна институција пет месеци без раководство и без плати

August 20, 2018 13:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка информираат за состојбата во која се наоѓаат со разрешувањето на Претседателот и членовите од претходниот состав на Државната комисија на 19 март 2018 година од Собранието на РМ и не именувањето на нов состав на комисијата.

Имено, од март месец наваму вработените немаат плата, а целокупната работа и функционирање на Државната комисија е во комплетен застој, со што се засегнати и граѓаните на Република Македонија чии постапки се водат по жалба пред оваа институција.

Во продолжение нивното обраќање до јавноста и надлежните институции:

„За разрешување на овој проблем во три наврати се обративме до Собранието на Република Македонија!

Се обративме и до Владата на Република Македонија!

По овие барања добивме одговор од Собранието во кое ни беше кажано да чекаме избор на нови членови на собраниска седница. Таа собраниска седница и тој избор на нови членови и раководство го чекаме веќе 6 месеци.

Сигурни сме дека доколку стануваше збор за приватна компанија досега државата ќе најдеше начин како да ги заштити уставно загарантираните права на работниците, а таа компанија ќе беше веќе во стечајна постапка и ќе имаше изречено прекршочни казни и за правното лице и за одговорното лице во правното лице.

Државната комисија има стручна служба од 24 административни службеници и 4  работници распоредени во 3 сектори или вкупно 28 работници.

Поголем дел од вработените секојдневно патуваат од Гостивар, Кочани, Тетово, Куманово, Илинден и ние веќе не сме во можност да го финансираме својот превоз до Скопје и назад.

Сите вработени имаат кредитни обврски спрема банките и застој во  исплата на платата веќе пет месеци, а можеби тоа ќе трае и повеќе месеци доколку Собранието не преземе мерки за избор на ново раководство!

Ова се одразува врз нашата економска состојба, од причина што со неисплатената плата има и неисплатена рата/рати за кои банките дополнително пресметуваат затезна камата. Исто така и здравственото осигурување за сите вработени во Државната комисија истече на 30.04.2018 година и со тоа од 01.05.2018 година не може да се оствари правото на лекување и земање на лекови од аптеките на сметка на Фондот за здравствено осигурување, што предизвикува дополнителен трошок и проблем за сите вработени.

Или поедноставно кажано: Немаме пари да си ги платиме домашните сметки!

Во составот на стручната служба на Државната комисија имаме неколку бремени жени, кои треба да се породат во септември/октомври, а немаат здравствено осигурување. Исто така, има и болни лица, чија состојба секојдневно се влошува од причина што немаат пари да ги набават на приватно своите лекови.

Состојбата во Државната комисија е алармантна. Немаме хартија за работење, принтерите и фотокопирите се запечатени, немаме вода за пиење, средства за чистење, дел од климите се расипани и не функционираат, тоалетите се расипани. Во прилог Ви испраќаме неколку фотографии како доказ. Исто така, во прилог Ви доставуваме Решение за прекин на испорака на електрична енергија. Државната комисија нема платено струја 6 месеци! Прашање на време е кога ЕВН ќе ја исклучи и струјата во институцијава! Државната комисија нема платено сметки за интернет, сметки за одржување на хигиената 6 месеци. Телефоните се исклучени исто така поради неплатени сметки!

Едноставно, Државната комисија не функционира!

Според нашите досегашни сознанија, во државава постојат и други државни институции кои се соочуваат со ист или сличен проблем како нашиот, меѓутоа за истите има изнајдено начини и механизми (потписници и слично од претходното раководство, кои во нашиот случај не знаеме зошто не беа именувани) за исплата на плати, придонеси од плати и останати тековни трошоци“, велат вработените.

ЦМ

Tags: вработениДржавната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапкаплатиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ