• Latest
Добро утро со Орданоски

Враќање на „дил ориентид“ политиката?

June 27, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Враќање на „дил ориентид“ политиката?

Сега да видиме што иднина го чека Заев. Тој тргнува по стапките на својата партија од втората половина на деведесеттите кога се исчистија дузина видни, професорски и интелектуални имиња од партијата, за сметка на вештите партиски момчиња за правење бизниси. Како што е познато, во 1998 година СДСМ беше тешко поразена на изборите токму врз антикриминалната платформа на ветувачкиот национал-конзервативец Љубчо Георгиевски... Што стана подоцна со Љубчо, е друга приказна...

June 27, 2019 07:35
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

[dropcap]С[/dropcap]ума-сумарум, кога сè ќе се помножи, подели, собере и извади, јунската „метла“ се сведе на кадровско елиминирање на професорот Тевдовски. Со оглед на обемот, можеше да се помине и со четкичка за заби, иако немаше да се дигне толку прав и провев од вакво силно мавтање со метлата.

Ова, по дефиниција, е тресење на гората за да се роди глувче.

Да имавме во собраниските клупи опозиција со политички кредибилитет, лошата претстава на премиерот Заев ќе поминеше со автентични свирежи од публиката. Вака, сè се сведува на: „Нашол кој да каже!“

И навистина е така, бидејќи, ако се сеќавате, своевремено, во јули 2009 година, смената на министерот за финансии Трајко Славески, тогашниот премиер Груевски ја направи од речиси идентични причини како сега Заев со Тевдовски: и двајцата се доживуваа како политички крути и принципиелни универзитетски професори кои ги кочат амбициозните политички агенди на своите партиски лидери, главно врзани за желбата власта послободно и побрзо да троши многу повеќе јавни пари. (Дури не е ни важно дали и колку еден министер за финансии е, навистина, секогаш виновен за трошењето на парите во другите владини ресори…)

Но, би се осмелил да тврдам дека, да го задржеше Славески за министер за финансии, наместо што го замени со финансискиот „генијалец“ Ставревски, Груевски сигурно ќе постигнеше помалку спектакуларни „дил ориентид“ резултати, но веројатно ќе шеташе на слобода, а сепак доволно богат за да не мора да се грижи за иднината на своите внуци. Ама пуста политичка мегаломанија, помешана со голема алчност!

Сега да видиме што иднина го чека Заев. Тој тргнува по стапките на својата партија од втората половина на деведесеттите кога се исчистија дузина видни, професорски и интелектуални имиња од партијата, за сметка на вештите партиски момчиња за правење бизниси. Како што е познато, во 1998 година СДСМ беше тешко поразена на изборите токму врз антикриминалната платформа на ветувачкиот национал-конзервативец Љубчо Георгиевски… Што стана подоцна со Љубчо, е друга приказна.

Фактот дека министерот за транспорт Сугарески, после долгите разговори со Заев, ја преживеа „метлата“, мене ми говори дека тој наскоро може да почне да заличува на својот прилепски сограѓанин Миле Јанакиески. Ќе се бараат брзи резултати во капиталните инвестиции, без премногу непотребни прашања, со сите замисливи и незамисливи законски „сечења на свиоците“ што може да ги направи еден агилен министер, под притисок да испорача.

Добро, секако не е сè исто како со Груевски, а богами ни слично…

На пример, повеќето медиуми се толку излезени од контролата на владејачката партија, што СДСМ и Заев, на крајот, медиумското прибежиште ќе мораат да си го побараат кај истите еден-двајца тајкуни кои склопија феноменален политичко-медиумски „брак од интерес“ и со Груевски. Но, знаеме дека таа историја, ако пак ни чукне на врата, ќе се повтори како фарса, а не како првокласна драма.

Потоа, тајните служби… Не само што на хоризонтот не се гледа ни приближно нов Мијалков, туку со процесот на востановување на новата Агенција за национална безбедност постои опасност за „излевање“ на разузнавачкиот непрофесионализам повеќе по Заев, одошто по опозицијата и граѓанскиот сектор. Бидејќи, за очекување е дека многу обучени професионалци за правење и за разоткривање разни смутови, со новиот кадровски ветинг ќе останат без работа. Еден Господ знае ним со што сè им е полна главата!

А ќе треба да видиме и што мустра ќе се погоди новата американска амбасадорка… Оти другиве дипломати ги апсолвиравме.

Конечно, памтиме како, на времето, Груевски им доцнеше по еден час на бизнисмените собрани во „Александар Палас“ и како, додека овие посрамени си гледаа во сопствените препони, им држеше долги лекции за бизнис и економија инспириран од својот просек на оценка 7 од Економскиот факултет во Прилеп. Заев бездруго ја нема таа ароганција, иако во годината што следи ќе биде во потрага по љубов и разбирање од бизнисмените и работодавачите, бидејќи освен во економијата, тешко ќе ја најде во другите, политички уморни или разочарани сектори во општеството.

Како што испеал поетот: „Пари, пари, пари, мора да е забавно во светот на богатите!“… Теоријата е: ако има за нив, ќе има за сите. Се бараат „дуинг бизнис“ доброволци. Успех загарантиран!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share295TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ