• Latest

Врховниот суд на Грција на 18 мај ќе ја соопшти одлуката за Грујевски и Бошковски

April 27, 2018
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Врховниот суд на Грција на 18 мај ќе ја соопшти одлуката за Грујевски и Бошковски

April 27, 2018 12:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По еден час сослушување, зад затворени врати, во Врховниот суд на Грција, во Атина, заврши рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски  и Никола Бошковски.

Одлуката судот ќе ја соопшти на ново рочиште, на 18 мај.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, неколку минути по 11,30 часот по локално време, почна рочиштето за Грујевски и Бошковски. откако претходно минаа сите останати повеќе од 20 случаи од дневниот ред. Расправата траеше еден час.

Судницата беше испразнета поради барањето од минатиот месец на двајцата адвокати од Грција судењето да се одржува зад затворени врати. Поради тоа во судницата останаа само Грујевски и Бошковски, адвокатскиот тим, двајцата преведувачи и полициското обезбедување, но и адвокатот од Македонија, кој е сведок во случајот.

На 17 мај, само ден пред да биде соопштена одлуката во Атина, во Солун е закажано рочиште за нивните фалсификувани патни исправи. Меѓутоа, со оглед на тоа дека Никола Бошковски и Горан Грујевски се во Атина, веројатно е дека судењето ќе биде одложено.

За Грујевски  и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, за кој судењето, по три одложувања, е закажано за 17 мај. Втроиот случај е по поднесеното барање за азил од 29 ноември. Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но и одложено поради фактот дека веќе се наоѓаа во Атина.

Третиот случај се води по барањето за екстрадицијата, поднесено од македонските власти, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го разглед Врховниот суд во Атина.

Во овој момент, приоритет има Врховниот суд, односно соопштувањето на одлуката за три седмици, а дури потоа ќе се одредат датумите за другите два процеси: за фалсификуваните патни исправи и барањето за азил.

По завршувањето на денешното рочиште, од Врховниот суд во центарот на Атина, двајцата поранешни началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, повторно беа вратени во атинскиот затвор „Коридалос“, каде што се сместени од 13 февруари, по нивното префрлање од Солун во Атина.

И за денешното рочиште, исто како и за претходните три, немаше никаков интерес од медиумите во Грција, а единствен новинар во судницата беше дописничката на МИА од Атина. Тоа беше и еден од аргументите на адвокатите на Грујевски и Бошковски за барањето рочиштето да се одвива зад затворени врати.


Извор: МИА

Tags: Горан ГрујевскиГрцијаНикола Бошковскиодлука
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ