• Latest

Време е човекот одново да ја обмисли својата иднина

April 22, 2018
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Време е човекот одново да ја обмисли својата иднина

April 22, 2018 14:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, 22 април 2018

Светскиот ден на планетата Земја, 22 април, е потсетник дека грижата за единствениот дом што го имаме во вселената треба на сите да биде примарна цел.

Борбата против климатските промени, од кои опасноста е сè поголема, во светот се одбележува преку бројни акции и настани  за јакнење на јавната свест за заштита на животната средина, зачувување на природните ресурси на земјата и создавање одржливо и здраво општество за сите.

ЦИВИЛ-Центар за слобода веќе започна со проектот „Акција-Интеграција“ чија цел, меѓу другото е и јакнење на јавната свест за граѓанско учество, разбирање и застапување на зелените вредности и иницијативи.

ЦИВИЛ ќе продолжи да ги брани своите бескомпромисни позиции за социјална и еколошка правда во општеството. Личната среќа, здравјето, човечкото достоинство, човековите права и слободи, меѓу кои е универзалното човеково право да живее и работи во чиста и здрава животна средина се основата на нашите заложби во оваа сфера.

Застапувањето, промоцијата и почитувањето на зелените вредности се дел од европските вредности. Секојдневно и насекаде ќе се залагаме за овие вредности, без оглед на тоа дали нашите активности и проекти имаат истакнато “зелено знаменце”.

Доаѓа време кога мораме без заобиколување, чесно и отворено, да посочиме на лажните и лицемерни ентитети кои само декларативно се изјаснуваат како зелени и кога проектите за одржливост се само декор на експлоататорски и анти-еколошки политики и практики. Ние велиме СТОП за злоупотребите. Очекуваме институциите и граѓанското општество прво да научат, а потоа да почнат и да ги почитуваат зелените вредности кои се дел од европските и светските цивилизациски вредности.

Ниту планетата Земја, а ниту нашето општество веќе не можат да толерираат манипулации. Време е човекот одново да ја обмисли својата иднина и да зачекори кон неа. ЦИВИЛите веќе чекорат кон таа иднина.

Tags: Акција-ИнтеграцијаДен на планетата Земјазелени вредностисоопштениеЦивил
Share55TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ