• Latest
Добро утро со Орданоски

Врзете појаси, полетуваме!

December 5, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Врзете појаси, полетуваме!

December 5, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Ордановски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]З[/dropcap]а оние со послаби политички нерви, мојот совет е наредниве недели да се избегнува читање портали, гледање дебати и троловски активности на фејсбук. Излезете надвор, надишете се од овој загаден зимски воздух, дури и тоа подобро ќе ви дојде, отколку да се потресувате со политичкиот трилер што влегува во својата завршница со новите приведувања за настаните од 27 април, со заокружувањето на преговорите за тоа кои „нивоа“ од вмешаните во насилствата ќе бидат предмет на „помирување“, со соопштувањето на деталите – кај и да е, еве само што не е! – од бегството на Груевски, со најавите дека ќе има и други предновогодишни апсења од висок политички профил од областа на организираниот криминал, со заокружувањето на процесот на уставните промени…

За „нормални“ држави ова би била доволно драматична агенда и за цела година. Во Македонија, Империјата (на правната држава) го возвраќа ударот во долгогодишен цајтнот при обидот да се „зачисти дворот“ пред сè поизвесното влегување во НАТО.

Ова е моментот да проверите дали ви се добро врзани појасите!

Во ваквиот политички театар, ние што ги имаме поевтините карти, на галеријата резервирана за новинари (и јавност), претставата ја следиме со внимание, иако трае прилично развлечено и со бројни паузи: правната држава долго се плеткаше, додека уфрли во трета, а сега и во четврта брзина.

Вреди да се замисли човек, повторно, дали ова забрзување ќе се случеше да не беше така наглата и неконтролирана љубезност на г. Груевски, без поздрав и збогум, да си замине од државава? Кој и да бил во одборот за негово испраќање, мора да видел некои работи подобро од она што се гледа од галеријата…

Но, има и едно друго ниво чиешто движење не е лесно да се забележи, а не е помалку тектонско од ова, со правната држава. Имено, македонската политичка реалност во последно време полека се придвижи од плебисцитарниот политички модел, со контроверзниот референдум на врвот од тој долготраен популистички шлаг; кон парламентарната, претставничка демократија, разработена во нашиот Устав. Разликата може да ви се чини незабележителна, но е суштествена: во Собранието пратениците не се делегати, туку претставници на гласачите. Тоа значи дека тие не се проста продолжена рака на народот кој ги гласал, туку политички овластени претставници за квалификувано толкување на интересите на граѓаните кои ги гласале.

Ова важно демократско „поместување“ значително го оснажи Собранието како место за водење реална политика во државата, исцрпувајќи одреден квантум на моќ од партиите и Владата, како што и треба да биде во нормалните демократии.

Всушност, оснажувањето на самостојната правна држава, паралелно со оснажувањето на јавноста („галеријата“) низ ослободените од закани и притисоци медиуми, доведоа до тоа во самото Собрание сега да се водат суштински, оригинерни политички процеси, низ кои се бараат демократски решенија за носење важни одлуки – каква што е целата оваа, на моменти мачна и хаотична, но демократски далеку поеманципирана расправа за уставните промени.

Мислам дека овој деликатен демократски феномен Заев, макар инстиктивно, добро го разбира, заради што е „распослан“ со изјави дека не може од него да се бара да ја врши работата и да ја носи одговорноста на сите владини и вонвладини институции во државата.

Од друга страна, пак, ова во опозицијата се уште сè трудат да го сфатат, лути што не може да ја контролираат монолитноста на некогаш моќната ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се тие, сепак, политички потомци на метафората за Мијалков и „тефтерчињата на Гордана“ како главни политички лостови за владеење со државата.

Велам, велам, шаткасти тоа ноџињата, ама да му се позлатат! За сите форинти!

 

 


Преземање на содржините од оваа рубрика е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share424TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ