• Latest

Весниците во МПМ без плата за вработените!

January 31, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Весниците во МПМ без плата за вработените!

January 31, 2017 15:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во знак на револт поради сé уште неисплатената плата за декември, вработените во издавачката компанија „Медиа принт Македонија“, од трите дневни весници, „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, денеска излегоа пред објектот, за време на законската пауза. Претставниците на синдикалните организации на трите медиуми, вчера испратиле и писмено барање до менаџментот на МПМ, но не добиле одговор.

„Нé игнорираат. Бараме средба, бараме решение, инсистираме да ни се исплати декемвриската плата. Според потпишаните договори за работа, до 15 -ти следниот месец треба да ни биде исплатена платата за минатиот месец, во случајов, платата за декември требаше да ја добиеме најдоцна до 15-ти јануари. Утре почнува нов месец, а нема ни глас дека ќе добиеме плата. Тоа е причина што колегите, сите ние, законската пауза ја користиме како можност за демонстрирање на гневот и незадоволството“, вели Љубиша Станковиќ, претседател на Синдикатот на „Утрински весник“.

Тој додава дека и покрај огромниот револт на вработените, тие се професионалци кои доследно ја извршуваат својата работа.

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) ги поддржува вработените во МПМ, во напорот да ги остварат своите работнички права.

„ССНМ е во тек со сите случувања. Вработените се многу револтирани. Ова е спонтан израз на револт, зашто де факто, од јули наваму, секоја плата се добива ‘на мускули’, со преговор… Ние веќе не знаеме на кој договор да реферираме, бидејќи последниот договор беше дека нема да има доцнења, па пак имаше доцнења, повторно преговори… Ги поддржуваме вработените во нивните напори да ги остварат своите работнички права, согласно со законот“, вели Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.

ЦИВИЛ Медиа се обиде телефонски да го контактира менаџментот на МПМ, но добивме одговор дека одговорните тие се службено отсутни.

Oд МПМ не добивме одговор неодамна, ниту на прашањето за исплата на хонорарите на дописниците, на кои последен исплатен хонорар им е за јули.

Случувањата во МПМ беа повод и за Фејсбук-коментарот на економскиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ.

„Нема подобра слика за Македонија денес, од протестот на новинарите на МПМ. На работниците не им се исплатени две плати, а газдата на компанијата е најбогатиот Македонец, близок до владејачката партија, претходно близок до претходната владејачка партија“, пишува економскиот експерт Јовановиќ, од Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје.

Според вработените, МПМ во ноември се обидела да ги редуцира кадрите на „Утрински весник“. Тогаш се огласи и ЗНМ, со реакција и барање да не се делат отказни решенија на вработените во овој дневен весник, што имаше значајна улога во процесот на креирање на јавното мислење во државата.

Моника Талеска

Tags: ВестДневникЈовановиќМПМплатаПротестсиндикатССНМУтрински весникЧаусидис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ