Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ со изјави за јавноста ќе им се приклучат на Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата што ќе се одржи во Клубот на новинарите, денеска во 12 часот.
Над 30.000 членови на ВМРО-ДПМНЕ ја дадоа својата поддршка за Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, за само неколку месеци. Меѓу нив сега се наоѓаат и ветераните на партијата, а меѓу кои се и пратениците во првиот парламентарен состав на Република Македонија.
На денешниот настан, се очекува да зборуваат дел од партиските ветерани, д-р Тодор Ношпал, Михо Пановски, Ѓулистана Марковска и други.
Настанот е отворен за јавноста.