• Latest
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ (фото извор: Инстаграм профил @buducnostsrbijeav

Вучиќ фатен со рацете во медот

June 25, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Вучиќ фатен со рацете во медот

Од многу земји стигнуваат поплаки кон Белград заради извозот на оружје од српските фабрики. Овој бизнис е особено привлечен за најпривилегираната класа во Србија која – на сметка на ниската цена на тамошниот работник и зголемениот ризик сo многу повреди и смртни случаи во производството – се збогатува на меѓународниот пазар, кој е дел од сите вооружени конфликти. Седењето на Вучиќ на многу столчиња е сè помалку можно.

June 25, 2025 12:57
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ (фото извор: Инстаграм профил @buducnostsrbijeav

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ (фото извор: Инстаграм профил @buducnostsrbijeav

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Техниката на седење на повеќе столчиња во исто време кај српскиот претседател Вучиќ е одамна позната и призната. Но таа практика сè помалку може да се користи во надворешно-политичките релации. Од комерцијален аспект – посебно ако се гледа со очите на повластени семејства кои, едноставно, ги експлоатираат вработените во фабриките за оружје со кои изобилува Србија – девизата „продавам за сите, а каде оружјето се користи не ме интересира“ веќе ги возбудува духовите на сите фронтови, а такви, ќе признаеме, има сè повеќе.

Одекот на таквата политика во стилот „ти си пријател што го вооружува нашиот непријател“, а која се сведува на прашалници кои секако ќе имаат свои консеквенции во меѓународната позиција на Белград, деновиве има свое крешендо: Москва се заканува со прекин на енергетската поддршка на српската економија, додека од антиеврејските коалиции што се прегрупираат во овие мигови, каде Техеран веќе не е изолиран, особено заради поддршката од Москва (!) има „урокливи“ погледи кон Белград.

Лепливите прсти од медот на рацете на Вучиќ и неговата извозна елита одеднаш станаа непријатен доказ во многу широкото интернационално опкружување во дневно вкрстено „испитување“ што практично во претседателската палата во Пионерскиот парк немаше никаков маневарски простор за адекватна одбрана, па шефот на државата изјави дека неговата земја нема повеќе да извезува за никого и ќе работи само за домашни потреби.

На прес конференција, Вучиќ изјави дека неговата земја го запре целиот извоз на муниција во екот на израелско-иранскиот конфликт и честите критики од Москва за Украина. На додатно прашање за врската меѓу актуелниот конфликт на Блискиот Исток, претседателот Александар Вучиќ одговори: „Сега не извезуваме ништо, ќе произведуваме само за потреби на нашата армија… Сега запревме сè. И мора да има посебни одлуки, ако нешто ќе функционира“, изјави тој по седницата на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот на српските вооружени сили.

Индикативно е дека веднаш по изјавата на Вучиќ за сопирање на извозот на оружје, со посебен осврт на оној кон Тел Авив, според поранешниот началник на Генералштабот на српската војска во време на власта на Тадиќ – Здравко Понош (63) уште истиот ден од Израел дошол боинг кој земал загадочен товар (да напоменеме дека во широк појас околу Источниот Медитеран во овие денови и нема цивилен воздушен  сообраќај!).

Понош, кој сега е лидер на опозициската партија СРЦЕ (Србија центар), а беше директен конкурент на последните претседателски избори на Вучиќ, има извонредни сознанија за тоа што се случува во одбраната. Тој луто изјави дека оружјето што оди во Израел се користи за „порамнување на теренот во Газа за некој таму да гради хотели“. Додаде дека српското оружје нема врска со Иран, ама има врска со алармите кои стигнуваат од Москва (да не заборавиме, нели, дека Иран е во зоната на ексклузивниот интерес на Москва!).

Зборувајќи за соопштението на Министерството за одбрана, во кое се наведува дека во иднина извозот на оружје и воена опрема ќе бара и согласност од Советот за национална безбедност, Понош рече дека законот наведува дека „може да се консултираат и други државни органи“, и дека тие „протолкувале дека одлуката ќе се донесе врз основа на одобрение од Советот за национална безбедност, кој нема овластувања“.

„Поточно, претседателот нема овластувања, тој се покрива со Советот за национална безбедност, кој е семоќно тело преку кое може да ја спроведува својата политика“, истакна тој.

Понош рече дека кога се случила војната во Украина, „Советот за национална безбедност донел одлука што денес се нарекува основа на нашата надворешна политика и став во однос на таа војна – и тоа не е напишано никаде во уставот, ниту пак тоа тело има таква надлежност“.

„Русите се обидуваат да го скротат (Вучиќ), тоа не е само политика, има и воени проблеми. Муницијата што пристигнува таму не е неважна. Додека Вучиќ извезуваше минофрлачки гранати, тоа не било толку важно – но во ситуација кога оваа војна се распаѓа, која порано или подоцна ќе влезе во некакво финале, сите се обидуваат да постигнат некаков напредок. Не е неважно дали овој вид муниција, која има дострел од 40 километри, пристигнува на таков фронт што сега се распаѓа. Ова создава проблем за Русите. Сега се нервозни и велат – доста со тоа. Тие (Русите) го предупредуваат (Вучиќ)“, рече тој.

Тој изјави дека политички гледано, „немавме сериозни последици поради испораката на муниција и во Иран. Секако, дел од населението во Србија е многу неповолно настроен кон ова. Она што се прави е практично зад грбот на домашната јавност, не е дел од официјалната политика на оваа земја, исто како што не е ни пратката муниција за Украина. Очигледно, тоа не е прекршување на никакви санкции, како што реков – во однос на тоа каква муниција се испорачува таму“, истакна тој.

Србија е предмет на критика во руските медиуми поради седењето на две столчиња (фото извор: Реальное время)

Понош рече дека верува дека барем извозот во Израел е во мотивот за поддршката што се очекува од Израел и од сегашната американска администрација, која има силни врски со сегашната влада во Израел.

Околу десет дена претходно и пред израелскиот напад врз Иран, Вучиќ рече дека Србија е единствената во Европа што соработува со Израел во областа на воената муниција.

Објаснувајќи го ставот на Србија, Вучиќ рече дека „едно е“ што таа прифатила извоз на муниција во Израел по нападот врз таа земја на 7 октомври 2023 година. „Но, денес ситуацијата е поинаква“, рече тој.

Во октомври 2023 година, Израел започна офанзива по нападот на Хамас, кого САД и ЕУ го сметаат за терористичка група. Во тој напад, околу 1.200 луѓе во Израел беа убиени, а 251 лице беше киднапирано.

Но сега во една – можеме да ја наречеме – геноцидна војна со голорако цивилно население, убиени се 60 илјади лица, многу од нив малолетници, деца! Ова наидува на жестоки критики во Унијата, на пример.

Индикативно е дека руската прес-служба на СВР (Надворешна безбедносна служба) издала соопштение во кое се вели дека Украина јавно ѝ се заблагодарува на Србија за помошта во војната, како што вели Москва меѓу „колективниот Запад и Русија“. Се додава дека се работи за индиректен извоз (преку трети земји) каде извезеното се премонтира, а се работи за фабрики во Чешка и Бугарија!

За што конкретно се работи? Фабриката „Крушик“ од Ваљево прави ракети од калибар 122 мм за ракетните системи „Град“ кои формално се од чешко производство („Поличке стројеми“).  Фирмата „Елинг“ од Лозница прави ракети од нешто помал калибар и ги извезува преку бугарската компанија „Емко“. Во соопштението од Москва се вели дека е жално што сега „традициите на пријателство и меѓусебна помош се засенети од жедта за профит и кукавичкиот мултивекторизам“. Инаку тоа е второто предупредување од тој тип за Белград.

Дел од производството на државната компанија „Крушик“ од Ваљево, Србија (фото извор: видео од веб страница на компанијата)

Според анализата на Александар Ѓокиќ од белградски Радар, евтиниот руски гас на Србија добиен од „баќушките“ овозможил да се привлече западниот капитал во одделни индустриски гранки и да се зајакне режимот на Вучиќ (многу испреговарани инвестиции кај нас заминаа во Србија, мора да се забележи, беа „искраднати“ пред нашите очи).

Но, сега и пред овие закани од Москва, евтиниот гас станува минато! Руските извозници одбиле да склучат долгорочен договор за бенефицирана цена на гасот – долгорочниот договор требало да се склучи на крајот на мај, ама и покрај исполнувањето на условот за тоа (посетата на Вучиќ на парадата на победата на 9 мај одржана во Москва, дефицитарна со странски имиња), истиот е потпишан на кус рок (30 септември). Тоа е еден вид на порака пишува Ѓокиќ, со што власта на Вучиќ сега е заробена помеѓу суровата незаинтересираност на Трамп, бирократските критики од ЕУ и руската гасна уцена.

Теба да се знае дека Србија се врза со рускиот гас по неповолната приватизација на својата нафтена индустрија која ја даде во рацете на Москва! Па навистина ги задоволуваше 89 отсто од своите потреби од Русија, ама таа доаѓаше во инфраструктура која беше странска односно Русите беа и на почетокот и на крајот на увозот! „Гасоводот ’Турски поток’, кој е во функција од 2020 година, испорачува 12 милијарди кубни метри на Балканот годишно, од кои Србија добива две милијарди, а наплаќа транзит за 3,5 милијарди кубни метри за Унгарија. Стратешкото префрлување на Русија на ’Турски поток’ ја заобиколи Украина, но исто така ја зајакна зависноста на Белград од Москва. Намалените испораки од страна на ’Газпром’ во 2022 година за повеќе од 80 проценти предизвикаа најлоша енергетска криза во Европа од 1973 година, додека неутралноста на Србија обезбеди континуирано стабилно снабдување, по цена на политичка послушност“ – коментира Ѓокиќ.

Навистина српските домаќинства, а и стопанството, добивале „џабалеску“ суровина – во трауматичната 2022 година гасот што Србија го купувала по 270 долари за 1.000 кубни метри е далеку под европските 700-1.000 долари. Во мај 2022 година, тригодишниот договор ѝ обезбедил на Србија 2,2 милијарди кубни метри гас по цена од 300 до 420 долари, под цените во тоа време, кои се движеа од 1.200 до 1.400 долари. Но како што се вели – и гасот под цена има своја цена!

Држејќи го Вучиќ на кусо јаже, Москва сака – велат аналитичарите – да го остави во позиција на послушен играч во меѓународните односи. Особено откако ги изгуби Романија и Молдавија. Но, Србија е во однос на извозот премногу врзана за ЕУ. Паралелно тече она што би го нарекле еманципацијата на Европа од енергетската зависност од Русија

Преку инвестиции од 10 милијарди евра во терминали за течен гас – имаме прилагодувања за прием на гас во течна состојба во Александрополис во Грција за што сме претплатени, а има и други инвестиции што воспоставуваат вертикален гасен коридор на Балканот, обезбедувајќи 10 милијарди кубни метри неруски гас годишно. Зависноста на Србија од руски гас во овој миг е сè уште многу силна па прегратката на Москва нема да попушти така лесно. Оваа ситуација не е нималку наивна и за нашата земја, макар и преносно. Како и до сега.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ВучиќоружјеРусијаУкраина
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ