• Latest

Вучиќ: ЗСО само во согласност со Бриселскиот договор

April 11, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вучиќ: ЗСО само во согласност со Бриселскиот договор

April 11, 2018 07:32
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседателот Александар Вучиќ изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово ќе биде формирана во согласност со Бриселскиот договор, додавајќи дека е изненаден од изјавата на портпаролката на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, Маја Коцијанчиќ дека ЕУ го подржува формирањето на ЗСО „според косовските закони“.

– Сакам да ни покажат, каде тоа го пишува во Бриселскиот договор, кој го знам на памет… тоа никаде не е напишано, изјави синоќа Вучиќ за сепската државна телевизија РТС.

Тој додаде дека ЗСО може да биде формирана само во согласност со Бриселскиот договор, утврдените принципите и според планот за имплементација.

Портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика вчера изјави дека Заедницата на општини со српско мнозинство ќе биде формирана врз основа на косовските закони.

Вучиќ оцени дека по таквите изјави, недвосмислено е јасно кој на Србија и е пријател, а кого не може да го нарече со тоа име.

Како што истакна, доколку усогласеноста со косовскиот Устав е единствената работа која им е битна на преставниците на ЕУ, тогаш повеќе не може да се каже дека тие се статусно неутрални.

Вучиќ Интервју

– Единственото она што е овде добро, е тоа што им се покажува на граѓаните во Србија какви се преговорите во Брисел и колку е тешко тоа со што се соочувате, кога тие и јавно го кажуваат, изјави српскиот претседател.

Според него, за Србија сега е најважно да го зачува мирот.

– Наше е да го зачуваме мирот, да сме сталожени, смирени и дека тоа се нашите пораки и дека се бориме за српскиот народ, изјави Вучиќ.

Косовските власти инсистираат ЗСО да се формира врз основа на косовскиот Устав, додека српската Влада и преставниците на Српската листа бараат таа да биде формирана врз основа на Бриселскиот договор од 2013 година.

Во меѓу време, Српската листа постави ултиматум најдоцна до 19 април да започне изработката на Статутот на ЗСО или во спротивно тие самите ќе ја формираат Заедницата.

Според најавите од Брисел, Статутот на Заедницата ќе го подготви работна група формирана од Владата на Косово, со помош на ОБСЕ.


Извор: МИА

Tags: Бриселски договорВучиќЗСОКосово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ