ЦИВИЛ ја информира јавноста дека во тек е долгорочното изборно набљудување. Организацијата ги повикува политичките партии, институциите и граѓанките и граѓаните да доставуваат информации, фото и видео материјали и извештаи за текот на изборниот процес до Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (ЦМТ).
Во моментов, на располагање се следните контакти на ЦИВИЛ за комуникација и пријавување: тел. 02 / 520 91 76 (секој работен ден, 9-17 ч.), мејл: [email protected] или во порака на Фејсбук страната на ЦИВИЛ/ЦИВИЛ МЕДИА.
ЦИВИЛ спроведува и континуиран мониторинг на случаите на лажни вести, дезинформации, говор на омраза, сајбер напади, дискриминација, насилство и други облици на кршење на човековите права и слободи.
Сите информации на овие теми може да се пријават на овој ЛИНК.
ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, решително против лажните вести и говорот на омразата