• Latest
Фото: МИА

За изградбата на коридорите во 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници

August 16, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За изградбата на коридорите во 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници

August 16, 2023 21:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

За изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум. Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој посочи дека Коридорите 8 и 10д се како што рече најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава и дека се потребни работници, пренесува МИА.

– Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава со којшто ќе изградиме автопатско решение се до границата со Албанија и исто така поврзувајќи ги автопатски и Прилеп и Битола. Во разговорот со менаџерите, планирано е да има над 2.000 вработувања и се надеваат сите ќе бидат од Република Македонија, изјави Груби по посетата на самото во Гостивар.

Во име на менаџерскиот тим на конзорциумот на дел од новинарските прашања во врска со платата на работниците и почетокот на конкретните работи, одговараше Џошуа Бејкер директорот на проектот Џошуа Бејкер без да посочи на прецизни бројки и рокови.

– Наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен. Вложуваме сериозни напори да отпочнеме поскоро со градежните работи. Соработуваме со Владата и општините на експропријација на земјиштето и подготовките, рече Бејкер и посочи дека во тек се подготовките за изградба на два кампови, еден близу Гостивар и еден помеѓу Битола и Прилеп.

Тој не кажа конкретен износ во врска со прашањето за висината на платите на вработените, туку кажа дека ќе бидат според нивната работна позиција и се формирани според актуелната побарувачка на пазарот на трудот. Бејкер очекува како подизведувачи да бидат вклучени повеќе локални фирми.

На првиот ден од саемот, во гостиварскиот центар за вработување, за работа во „Бехтел и Енка се пријавија педесетина лица меѓу кои имаше и градежни инженери кои бараат работа и лица кои веќе работат. Нив најмногу интересираа платата, работното време и кога ќе добијат одговор по нивното пријавување.

 

Tags: Агенција за вработувањеБехтел и ЕнкаГостиварГруби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ