• Latest
Добро утро со Орданоски

За лисиците и кокошарникот

March 11, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За лисиците и кокошарникот

March 11, 2019 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако што можеше да се претпостави, сега лисиците сакаат да решаваат за видот на оградата со кој ќе се оградува кокошарникот. И за тоа каква врата ќе има на оградата. И колку и кај кого ќе бидат распоредени клучевите од таа врата. А и за тоа која лисица во кој дел од денот (и ноќта) ќе го чува кокошарникот.

Предводникот на лисиците вчера доцна вечерта изјави дека е доведен во прашање „комплетниот имиџ и професионалниот кредибилитет“ на СЈО и, посебно, на неговата шефица. Тие ги изневериле очекувањата на граѓаните, не ја испорачале толку посакуваната правда.

И тоа навистина е така. Самото понатамошно опстојување на криминалната организација која сега се нуди на ниво на „работни групи“ да го чешла новиот закон за СЈО е крунскиот доказ за изневерените очекувања во јавноста.

За сосема да се замати водата, сега има и нов предлог на маса: да се укине ова СЈО и да се направи ново, коешто ќе ги истражува сите криминали во државата од нејзиното основање до денес! Следната фаза е да се побара истрага и за пропаднатото востание во 1903. Може да се сослушаат и наследниците на султанот Мурат IV, синот на Ахмед I и Кесем, освојувачот на Багдад во 17 век. Јас обвинителски би го истражил и владеењето на брат му Осман II, за сосема да се расчисти кој е виновен за тоа што во денешнава македонска држава лисиците треба да решаваат за видот на оградата на кокошарникот.

Станува сè појасно дека, во обидот за комплетна криминална реставрација, сегашната македонска опозиција, откако не ѝ успеа обидот за блокирање на пристапот во НАТО, сега е сконцентрирана врз целта да се упропастат нашите европски интеграции. Тоа е легитимна опозициска стратегија, со оглед на фактот што патот кон Европа поминува низ процесот на засилување на правната држава, а така се погоди што целата таа вежба ќе се изведува „врз грбот“ на бројните криминали од претходната власт. Тој огромен кривично-правен корпус самите го обезбедија со несмасното следење на сите комуникации на, меѓу илјадниците други, своите функционери, во сопствената власт. Шефот на целата операција пребега, а менаџерот, моментно, е во Шутка.

Но, бидејќи европските интеграции се временски чувствителни – треба во краток да се испорачаат законски околности за продолжување на прогонот на сторените криминали – опозицијата има добар маневарски простор за „кокошарски“ уцени. Оваа стратегија ќе им успее. Патем, на крилјата на тој успех, се надеваат и на избор на нивната кандидатка за претседател на Република Северна Македонија.

Целата ситуација можеше да се разреши со вонредни парламентарни избори. Токму заради тие чувствителни евро-интегративни тајминзи, таа опција власта не ја проигра.

Меѓутоа, можеби има простор двете опции во Македонија – про и контра правната држава – да се сретнат на „пол пат“… Не е ли време да се размисли за нов референдум со едноставно прашање: Дали ја поддржувате неограничената работа на СЈО, без рокови за поднесување нови обвиненија и со користење на прислушуваните разговори како доказ во постапките? Да или не?

Референдумското гласање може да се изведе на денот на претседателските избори, а овој пристап ќе ни заштеди време и нерви што ќе ни ги потрошат меѓупартиските „работни групи“ што ќе треба да решаваат која лисица во кој дел од ноќта ќе ги чува јајцата во кокошарникот. И тоа баш пред Велигден!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share510TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ