Во тек се повикот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ за локалните избори 2021. Воедно, Организацијата уште еднаш ги повика граѓанките и граѓаните да учествуваат во борбата против лажните вести и говорот на омразата со пријавување случаи во онлајн пријавата на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА.
Седници на собраниската Комисија за труд и социјална политика во 11:00 часот и седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 12:00 часот.
Вицепремиерот Љупчо Николовски и министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ ќе се обратат на конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во 10:00 часот.
Прес-конференција на народниот правобранител Насер Зибери во 10:30 часот.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе присуствува и ќе се обрати на настан на Школката во Градскиот парк во 12:00 часот.
Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата во 12:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.