ЦИВИЛ денеска организира работилница во Велес на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ со почеток од 13 часот, во општинската сала, и инфо штанд во Кавадарци во 15:40 часот.
Во тек се повикот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ за локалните избори 2021. Воедно, Организацијата уште еднаш ги повика граѓанките и граѓаните да учествуваат во борбата против лажните вести и говорот на омразата со пријавување случаи во онлајн пријавата на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во својство на шеф на Делегацијата во ПС на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе учествува на Осмата пленарна сесија на ПСЈИЕ.
Средба на Изет Меџити, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија со Мими Кодели, претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија. Средбата е закажана во 15:00 часот денеска.
Делегација на македонскиот парламент во Парламентарното собрание на ОБСЕ на средба со Ан Линде, министер за надворешни работи на Кралството Шведска и претседавач со ОБСЕ во 16:00 часот.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде која во рамките на шведското претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), ќе престојува во еднодневна посета на Република Северна Македонија во 12:30 часот.
ЕУРОПРОСПЕРА организира панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија.” Главен говорник на панел дискусијата е претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски во 12:00 часот.
Прес-конференција на градоначалниците на град Скопје и на Кисела вода, Петре Шилегов и Филип Темелковски во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












