• Latest

За последиците од поплавите се виновни институциите!

September 12, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

За последиците од поплавите се виновни институциите!

September 12, 2016 16:02
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Промена во легислативата, зајакнување на институционалните капацитети, вложување во научните институции, прифаќање на препораките од независни експерти и изработка на долгорочни анализи врз база на новите состојби на терен…, се дел од препораките на експертите на тркалезна маса на тема „Градење на ефикасен систем за превенција и справување со ризици од природни непогоди во Република Македонија“, која денес се одржа во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, со примарна цел – да не се повтори катастрофалната ситуација – неколкучасовен дожд да предизвика толку големи материјални штети и, за жал, и човечки жртви.

IMG_0787

На денешната тркалезна маса зборуваа професорите Александар Трендафилов и Ивица Блинков од Шумарскиот факултет, Татјана Миткова од Земјоделскиот факултет и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Дискусијата ја модерираше Павле Богоевски.

IMG_1020

Павле Богоевски

За време на тричасовната дискусија, како од говорниците, така и од присутните гости, беа посочени повеќе препораки, но и голем број на недостатоци во досегашното работење на институциите, а со тоа, беше потенцирано и влијанието на човечкиот фактор при природни непогоди.

IMG_0766

Професорката д-р Татјана Миткова, Земјоделски факултет

„Со деструкција на земјоделско земјиште предизвикана од ерозија, поплави, свлечиште, се уништува најдрагоцената функција на почвата, а тоа е производство за храна. Катастрофалните последиците од последните поплави се сплет од природен фактор, а голема е и улогата на човекот. Неконтролираното сечење дрвја на Скопска Црна Гора, резултира со тоа, почвата да нема можност да ја прими целата вода од големи дождови. Потребна е нова инфраструктура… Затоа се препорачува длабока обработка на земјата, ѓубрење, засевање…“, вели професорката д-р Татјана Миткова.

Најзначаен фактор за предизвикување на толкави штети се каналите кои не се димензионирани за да можат да примат големо количество на вода и коритата на реките кои се узурпирани од локалното население кое фрла смет. Дополнително, дивото и противзаконско сечење дрвја и неконтролирано градење, резултира со висок ризик од ерозија – е заедничкиот став на присутните.

IMG_0867

Професор д-р Иван Блинков, Шумарски факултет

„Нема човек во министерствата кој води евиденција за поплави, одговорно тврдам. Потребни се измени во легислативата. Законот вели дека за заштита од поплави надлежни се општините и Градот Скопје. Кој е надлежен за Стајковци? Вакви прашања се поставуваат. Не се дефинирани правно надлежностите и има дупки во законот. Експертите неретко во минатото нуделе препораки и предлози, но политичките гарнитури беа глуви. Плановите кои постојат се по стара легислатива, Европа бара нови и тука треба многу да се работи. Сега голем дел е од територијата е  урбанизирана и почвата нема капацитет да ја прими водата од дождовите“, смета професорот д-р Иван Блинков.

IMG_0919

Професор д-р Александар Трендафилов, Шумарски факултет

„Во бесправна држава, прво страдаат природните ресурси. Човечко влијание има во уништување на природата секаде во светот, а особено тука. Станавме анархија, место демократија. 10% од вината за тоа што се случи на почетокот на месец август е кај населението, а 90% се виновни институциите. Ние немаме соодветни институции, немаме клучни компоненти… Прв приоритетен документ за подготовка на анализи е Водостопанската основа, која кај нас е од 1963 година! Оттогаш,  фактичката состојба на терен е значително променета. Немаме сопствени институции, пример за тоа е што анализите за рудното богатството на земјава, ги оставаме на странски институции.  Прво, потребна е законска регулатива која ќе регулира кој е надлежен и кој треба да превенира и да санира. Кога Град Скопје не може да се справи со вакви поплави, што остана за помалите општини. Затоа, треба одговорноста за чистење на каналите да биде на централно, а не на локално ниво. Водотеците не се регулираат од 1990 година,  се што е направено, е од пред тоа! Европската унија одвои големи средства во соседните држави, што не е случај и  кај нас, затоа што немаме соодветна документација. Никој од нас како експерти и научни институции, не побарал да направиме анализа“, сублимираше професорот д-р Александар Трендафилов.

IMG_0946

Професор д-р Ивица Милевски, Природно-математички факултет

„Се помали се вложувањата во научните институции и се поретко се почитуваат нивните мислења од државата, или, тоа се прави во сосема извртена форма. Од 1990-та се гради стихијно без почитување на стандарди. Процедурата за градба знаеме каква е. На градбите се поставуваат милион додавки и наддавки, се рушат  конструкции во подножјето, па иако тој објект бил тестиран, и можел да издржи земјотрес од 9 степени по Рихтер, по овие зафати може да издржи само до 7 степени. Надлежните институции изјавија дека поплавите биле изненадување, но тоа не е точно. Има повеќе од десет европски извештаи од деведесеттите години кои покажуваат дека ќе дојде до драстично зголемување на временските непогоди во овој регион и дека сите балкански држави треба да водат сметка за тоа. Распоредувани се средства и насоки како да се користат, особено од ИПА фондовите“, е ставот на професорот д-р Ивица Милевски

IMG_0800

Присутните на тркалезната маса побараа кривична пријава за одговорните за изградбата на скопската обиколница, барање на одговорност, како и подобрување на системот за предупредување и реформи во системот за цивилна заштита.

Заклучоците од стручната расправа ќе бидат искористени како основа за креирање и спроведување на идни политики на централно и локално ниво, во делот на превенција и справување со ризици од природни непогоди во Република Македонија.

Марија Теговска

Tags: Македонијаодговорностпоплавиприроди непогодитркалезна масаЦивилштети
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ