• Latest

За пратениците ќе се изјаснува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

November 28, 2017

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За пратениците ќе се изјаснува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

November 28, 2017 12:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“ (член 313 од Кривичниот закон – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста) 

Меѓу денешните уапсени на дел од учесниците во немилите настани во Собранието на Македонија од 27 април годинава, има и неколкумина пратеници, кои, согласно Законот за пратеници и деловникот за работа на Собранието, во оваа фаза од постапката можат да бидат само приведени.

За секој натамошен чекор, во поглед на пратениците, кои, како што МИА веќе објави, се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, Основното јавно обвинителство ќе треба да се консултура со претседателот на парламентот, Талат Џафери и со Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, што ќе треба да одлучува за евентуалното одземање на нивниот имунитет.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, пратеникот ужива имунитет од денот на верификација на мандатот до денот на неговиот престанок. Според членот 53 од Деловникот, барањето за одобрување притвор на пратеник, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието.

Известувањето дека пратеникот е притворен затоа што е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието. Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот и во случај кога тој не се повикал на имунитетот.

Претседателот на Собранието, барањето за одобрување притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен, веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Претседател на оваа комисија во овој состав на Собранието е пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, негов заменик е Петар Атанасов, а членови се Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски. Заменици членови се Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини – Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски.

Комисијата, според Деловникот, е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието. За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.

Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.

По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.

На пратеникот му престанува мандатот или може да му биде одземен мандатот, само во случаите и на начин утврдени со Уставот, законот и Деловникот.

Според членот 58 од Деловникот, за пратеникот осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во трање од најмалку пет години, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната. Претседателот ова известување веднаш го доставува до пратениците.

На пратеник, кој е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, му престанува мандатот. Собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот на денот кога е осуден и за тоа ја известува.

За пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната.

Претседателот известувањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

МИА потсетува дека на 27 април годинава во македонското Собрание имаше насилен упад од организирана толпа луѓе, кои се обидоа да се пресметаат со пратениците на новото парламентарно мнозинство. Тогаш, полицијата цели два часа не реагираше на агресијата во која беа нападнати и повредени премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села и неколкумина пратеници на СДСМ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: безбедностказна затворпратенициприведувањетероризамЧлен 313
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ