Шуки го сретнав на Караванот на слободата на Цивил, во едни и премногу тешки времиња.
Времиња кои сите не присилија да се затвориме во својот сопствен свет, далеку од дргите, од желбата за поврзување, другарување, изолирани во страв од секој до нас блиску.
Не го знаев претходно, потоа го видов лично уште само еднаш во Куманово, занесен во својата четка и битката за Слободата.
Заедно патувавме околу три часа до Кавадарци.
Седеше пред мене, се сврте наопаку и скоро три саати кажуваше анегдоти и вицеви, солзи ми течеа од смеа, навистина кој денес може да направи да се насмеете? Три часа…
Некаде во тие смеења и пеења ми рече, нешто, што таква каква што сум, некогаш не го приметувам светот околу себе, остави длабока трага во мојот живот.
Нема да кажам што, тогаш ме насмеа, си помислив што зборува овој човек, не можев да поврзам…Ми стана сепак мил на тој пат, многу мил.
Дури денот кога почина, сфатив што всушност Шуки стори. Веројатно имаше дарба да приметува и да го поврзува космичкиот ред повеќе од другите. Шуки широко ми ги отвори очите. Ме разбуди на некој веројатно на него својствен начин, не можам да знам…
Претходно , личноста, карактерот на Шуки стана дел од сценарио, на кое веројатно ќе му се радуваше…
Посакувам да му оддадам последна почит, во Ниш, но ќе оставам простор за оние кои во животот му беа поблиски да го испратат.
Тој за мене, по неговата смрт е поблизок од многу други и ќе живее долго…На овој начин ќе го испратам.
Животот има правила и ограничувања поставени од луѓето, но некои од нас не ги почитуваат, со право, бидејки не ги поставил пред нас животот.
Имај убав пат Шуки, енергијата никогаш не се губи како ни делата.Ти ќе бидеш секогаш тука.
Татко ми знае да рече кога ќе заминам, немојте да ме жалите, не плачете , не носете црно, радувајте се што живев, ако треба запејте и сеќавајте се.
Ќе се сеќаваме на тебе. Засекогаш.