• Latest

За што, по ѓаволите, служи македонскиот парламент?!

July 30, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

За што, по ѓаволите, служи македонскиот парламент?!

За неработа им даваме гласови, за неработа трошат тешки милиони евра, што ги грабаат од скромните трпези на граѓанките и граѓаните, за да организираат избори кога ќе им прдне на умот. За неработа! И криминал! И да изигруваат величини, демек, претставници на граѓанките и граѓаните. На што личи ова, бре?!

July 30, 2019 08:41
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Навистина, за што служи највисокото законодавно тело во оваа земја? Избираме цели 120 луѓе. Тоа се добро платени функционери… Aко само малку мрднат, па и да не мрднат со задникот, добиваат одлични дневници, имаат убави и скапи коли на располагање, бифето им е поевтино отколку дома да готви човек или од продавница да купи пијалак… Седат во удобни фотелји, одат по пространи ходници, секаде е чисто и уредно, добро затоплени во зима, разладени во лето…

Крадат, си водат бизниси, лобираат, наплаќаат екстра за својот глас, добиваат тендери… Цела армија луѓе работат за нив – хигиенски работници, помошници, курири, обезбедување, шофери… Едно чудо невладини фолиранти во јата кружат околу нивната зграда, им пишуваат писма, предлози, закони, мерки… Едно чудо експерти, без поговор, кога е тоа потребно, им помагаат, странски фондации им даваат насоки… Им ја вршат работата, а тие ништо, ни да мрднат со прст, колку што им треба да притиснат по тоа копчињата.

За што, бре?!?!

За да не работат! Ниеден важен закон не го донесоа како што треба и кога треба. Ниедно барање на јавноста не го разгледаа.

Се напикаа по комисии (и за тоа има дневници), си кројат мнозинства како ќе им текне, само за да блокираат или да спасуваат криминалци од притвор, а не да врви работата!

Први се да гласаат за своите привилегии. Верно, како ловџиски пци, се бранат меѓу себе (најмногу оној, ликот во Будимпешта или оној што ни дојде од Швајцарија), а ако некој се „одметне“ од нивниот чопор, го мразат до смрт. Класични фашисти има меѓу нив. За своите или интересите на своите фирерчиња, способни се да „отворат врата“ против своите колеги, против новинарите и против целата земја. А после да сменат страна, за да спасат кожа, а Заев да ги „почести“ со тендери и пат до Ватикан, спремни се, секако.

За неработа им даваме гласови, за неработа трошат тешки милиони евра, што ги грабаат од скромните трпези на граѓанките и граѓаните, за да организираат избори кога ќе им прдне на умот. За неработа! И криминал! И да изигруваат величини, демек, претставници на граѓанките и граѓаните. На што личи ова, бре?!

Не ви е јасно како одат работите? Сигурен сум дека на сите им е одамна јасно. Во парламентот, можеби во коалициско мнозинство имаат СДСМ, ДУИ и другите, но во комисиите се кројат поинакви мнозинства, пак ќе кажам, не за да завршат некоја работа, туку за да ја сопрат. Не во интерес на јавноста, туку за тесни интереси поврзани со влијанија, пари и моќ. Можете вие колку сакате да барате правда, можете да притискате за евроатлантската агенда, но во клучни моменти, одеднаш, прогресивните пратенички и пратеници се во малцинство.

Па, така, на пример, великите политичари на Беса се здружија со вемерото, за да не се изгласа постапката за избор на членови на АВМУ, иако мандатот им истече одамна. И не е прв пат Беса да покажува знаци на вазалство кон ДПМНЕ, одговарајќи им на прашањата за нивните линкови со Фамилијата од првиот ден на постоењето…

Талат Џафери го спаси Трајко Велјановски од притвор. Тој истиот што седна на претседателската фотелја откако имаше крвав, терористички напад на собранието што го организираа оние за кои цело време одработува.

Сега го одложува законот за јавно обвинителство и ја турка земјата во политичка криза. Пред очите на целата јавност, најбезобразно поместува итен закон, со европско знаменце, на крајот на летото. Па после некои од нас ќе речат дека сите важни работи во оваа земја се решаваат вон институциите, а најмногу вон парламентот. Во круг на луѓе што вистински ја држат сета политичка моќ во своите раце. Ни парламент, ни демократија нема во тоа.

Не е ни чудо што, кога сакаат да решат некој наш проблем, странците, за да не губат време со неспособен и нефункционален парламент, ги седнуваат три-четворицата партиски поглавици, од кои се знае кои двајца се главни, а кои двајца се споредно “особље”. Сеедно, проблемите се решаваат или се ставаат под тепих. А во парламентот? Таму, сѐ е под тепих, а најмногу достоинството и честа.

Не ги заболе за загадувањето, не ги заболе што немаме државен ревизор, ама ич не им чуе што немаме комисија за антидискриминација, за работниците не слушнале, за човекови права, за еднаквост… За нив не постојат маките на луѓето, за нив нема ништо проблематично во здравството, образованието, гладта и сиромаштијата…

Значи, за тоа ги гласаме. Да им служиме како отворено ќесе со сребреници, да им служиме за да си играат со нас, да бидеме нивното буре без дно.

Треба да знаат… Фотелјите не се вечни, а правдата, колку и да се трудат да ја осуетат и да ја избегнат, е тука, до нив. Правдата е веќе на нивните лица без образ, таа е како нивната сопствена сенка, постојано ги придружува, колку и да бегаат од неа. Имунитетот и привилегиите нема да го спасат нивниот образ, нема да ги спаси од срамот што е надвиснат над нив и нивните поколенија. Како облак, црн, преполн со жаби и црви што еден ден ќе им се истури на високо кренатите глави. Срам!

 

ПС. Знаете дека не мислам на сите. Секоја чест на прекрасните исклучоци меѓу пратеничките и пратениците. За жал, исклучоците се во малцинство.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Tags: 27 априлБесаВМРО-ДПМНЕДУИпарламентСДСМфамилија
Share256TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ