• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

За зачестените убиства и пукање по улиците, МВРО – ВМРО го обвини ланскиот снег

October 6, 2024
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За зачестените убиства и пукање по улиците, МВРО – ВМРО го обвини ланскиот снег

October 6, 2024 22:09
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека власта речиси секој ден најавува зголемена сигурност и безбедност на граѓаните и решителна бoрба против (организираниот) криминал и дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, всушност, нов вознемирувачки случај на пукотници на улиците на главниот град ги вознемири Скопјани.

Вчеравечер беше повредено 19 годишно момче од скопската населба Чаир откако во него било пукано од возило. Со четири прострелни рани повредениот бил пренесено во старата градска болница „Свети Наум Охридски“, од каде информираат дека е во стабилна здравствена состојба.

Од МВР следуваат вообичаенитештури соопштенија: полицијата работи на расчистување на случајот и трага по сторителот, додека чаршијата ги прераскажува своите верзии на настанот.

Ова е втор пат за еден неполн месец млад човек да биде жртва на огнено оружје, откако во септември исто така во пукање беше повредено уште едно младо момче.

Состојбата веќе е  и повеќе од алармантна, и се влошува од ден на ден. За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија. Како што веќе предупреди ЦивилМедиа, ова се денови на опасно живеење во нашата земја.

Ветувањата на Владата и министерот за внатрешни работи за справување со криминалот се распрснуваат како меур од сапуница. И наместо да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа, Владината одн. партиската ПР служба, преку соопштенија, кои наликуваат како да ги издала опозициска, а не владејачка партија, се прогласува за ненадлежна, а за проблемот го обвинува ланскиот снег.

Откако опозициската СДСМ, по пукотницата во Чаир, која според нив сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека МВР со министерот Тошковски е празник за криминалците, и секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал, а Скопје наликува на Дивиот запад, побара оставка од Тошковски, потсетувајќи дека на пукањето во Чаир, му предходеше едно во Арачиново, се случи убиство кај Мавровка, а пред тоа пукања имаше и во Синѓелиќ, Батинци, Тетово, и на Пластичарска улица, а за сите овие инциденти сторителите не се пронајдени.

Дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност, или повторно ќе застане во негова одбрана, прашаа од најголемата опозициска партија, на што реплицираше ПР службата на МВРО- ВМРО, во стилот на комшика секогаш расположена за кавга, наместо да си го среди својот двор, амнестирајќи се од одговорност вината ја префрла на предходната власт, дека сегашните престрелки на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДС(М) со скопското подземје и завојуваните групи чија моќ во време на СДС(М) порасна а бизнисите цветаа, и спомнуваат заборавање и паметење на дрога по скопските улици, наводни должничко доверителски односи на врвот на СДС(М) со дилерите, рекетарите и убијците за што, според нив сведочат фотографиите на учесниците.

Кога веќе зборуваме за меморија, она што спин мајсторите на МВРО –  ВМРО го забоораваат се токму фотографиите од ослободените затвореници (нивни приврзаници) од директорот за издржување санкции, сопартиец на Панче, кои слободно се шетаат и се сликаат на средби со босови на нарко картели, и дека беше ослободен од кривично гонење телохранителот на Мицкоски, кој во февруари натепа колега полицаец кој бил во акција за сузбивање на трговија со дрога во еден ноќен клуб во Скопје.

И, како што самите велат во нивното соопштение, Народот памти… и тркалото се врти, џабе ви е колку и да си ја ишкате мувата.


Текстот е личен став на авторот

 

 

 

 

 

 

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕкриминалМВРМВРО-ВМРОпукотници по улициранет 19 годишник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ