ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.
НАСТАНИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Во организација на Институт за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе се одржи конференција на тема „Меѓу извештаите, напредокот, и усогласеноста-како до суштински квалитетен процес на усвојување на acquis на ЕУ“
ЕКОЛОГИЈА: Од денеска стапува на сила забраната за пластични кеси. За граѓаните ќе бидат достапни само биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари, средства што ќе бидат наменети за специјалниот фонд за животна средина. Според Министерството за животна средина и просторно планирање, граѓаните лесно ќе се адаптираат на промената, што е од големо значење за животната средина.
Во однос на тоа каков фидбек очекуваат од граѓаните, од МЖСПП нагласија дека очекуваат промената да биде лесно прифатена.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе ја предводи македонската делегација на дводневната Меѓународна министерска конференција за демографската отпорност во услови на големи демографски промени, што ќе се одржи во Софија.
Како што информира прес-службата на МТСП, на конференцијата насловена „Обликување на европската демографска иднина“, Шахпаска ќе говори за родовата еднаквост, како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени.
ПРЕС: Министерката за култура Ирена Стефоска ќе одржи прес-конференција, со почеток во 11:00 часот. Тема на прес-конференцијата е Предлог-буџетот на Министерството за култура за 2022 година. Акредитираните новинари за онлајн-вклучување ќе имаат можност да учествуваат на прес-конференцијата во живо.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ: По повод 1 декември, светскиот ден на СИДА, денеска Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ организира низа активности
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев