• Latest

Заев: Да се обединиме за подобра иднина на нашите деца и генерациите по нас

September 21, 2018

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Да се обединиме за подобра иднина на нашите деца и генерациите по нас

September 21, 2018 10:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација предводена од премиерот Зоран Заев синоќа беше во официјална посета на Белата куќа каде имаше средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс. Премиерот даде кратко интервју за МИА веднаш по средбата со Пенс.

Господине Заев, знаеме дека Белата куќа дава политичка поддршка за референдумот и за влезот на Македонија во НАТО. Дали САД даваат и конкретна поддршка во економијата, одбраната и безбедноста на нашата земја.

– На средбата со потпретесдателот Мајк Пенс бевме сериозно охрабрени за успех на претстоечкиот референдум. САД беа со нас во текот на целиот процес на изнаоѓање решение на спорот со името со Грција, кој се реши билатерално, но тие беа тука да охрабрат и да мотивираат. Од нашата независност досега САД имаат дадено преку 1,25 милијарди долари поддршка на Македонија во сите области. Поддршата доаѓаше и во одбраната и во образованието, правосудството и во други области. За одбраната, она што го очекуваме е поддршка преку зголемување на интероперабилноста на армијата со НАТО. Америка е најголемиот партнер во нашето ново партнерсто со Алијансата и верувам дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднидна, затоа што тоа го докажавме и кога не бевме членка на НАТО, но сега кога ќе станеме дел од Алијансата, поддршката ќе биде уште поголема.

Кој е Вашиот впечаток од македонската дијаспора во Северна Америка за референдумот? Знаеме дека има поделеност околу прашањето за влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Јас жалам што поделеноста во дијаспората е поголема отколку во Македонија во однос на референдумот. Во Македонија граѓаните со во огромно мнозинство „за“, но верувам и голем дел од опозицијата ќе бидат „за“ и ќе успее референдумот. Нашата дијаспора ни е исто толку важна како и дома. Во суштина не гледам зошто би морало да има ваква поделеност. Јас би сакал да апелирам до сите сите наши сограѓани кои живеат во Америка, но и насекаде во нашата дијаспора, дека Македоија ја исполнува вековно очекуваната аспирација на нашите татковци и дедовци. Тоа е конечно да добиеме земја што е признаена од целиот свет, во која живее македонски народ признаен од сите, со потврден идентитет кој никој повеќе нема да го спори и со потврден и признаен од целиот свет македонски јазик. Никој повеќе нема да го спори македонскиот идентитет! Сите треба да бидеме горди на тоа.

Го споделувам немирот со нашите од дијаспората дека додавката „северна“ во името не се прима лесно. Но нема друга Македонија освен нашата. Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е само наша Македонија и нема да има друга во светот. А знаејќи каква преспектива и иднина обезбедуваме за државата, но пред се за нашите деца и за генерациите после нас, верувам дека ова е навистина сериозна причина да се обединиме. Со овие зборови сакам да ги мотивирам сите. Без разлика дали сме пријавени и дали сакаме да гласаме или не, сметам дека на Македонија и е насушно потребна поддршката од дијаспората. Но, овојпат е важно сите, без разлика кај и да сме, дома или во Австралија, Канада, Америка или Европа – сите да дадеме поддршка на она што значи единствена алтернатива за нашата Македонија.

ЗАЕВ ИНТЕРВЈУ КАМЧЕВ

Господине Заев, дали Македонија добива помош од САД за борба против руские хакерски упади во социјалните мрежи преку кампањата за бојкот на референдумот?

– Русија јавно истакнува дека е против членство на Македонија во НАТО и тоа е нивно легитимно право. Ние насекаде укажуваме дека за нас нема друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и во ЕУ. Да има би ја разгледале. Сакаме да градиме пријателство со Руската Федерација, и да ги унапредуваме односите, но дефинитивно повеќе од 80 отсто од граѓаните се за членство во НАТО и во ЕУ. Можеби има одредени активности кои се одвиваат на социјалите мрежи. Но, неможам да кажам дека тоа е непријателство кон Македонија. Ние сме демократска земја, имаме пријатели од целиот свет и како демократија логично е да имаме граѓани кои се определни по сите основи, и кон исток и кон запад. Иако повеќе од 82 отсто се за западот. Сите имаат можност да излезат и да гласат на референдумот, да ја изрази својата волја и со тоа да го дадат патоказот, правецот кон кој ќе се движи Македонија.

Од САД не добиваме никаква конкретна поддршка за борба против руската пропаганда. САД принципелно не поддржуваат. Додека со лажните вести ние дома сами се справуваме. Ги користиме сите наши алатки кои ни стојат на располагање, како здруженијата на новинари, асоцијациите за етички стандарди во новинарството, и ние како Влада, со нашите сектори за односи со јавноста, ги поддржуваме тие напори, преку споделување на вистински вести и сузбивање на лажните. Лажните вести ги има насекаде, не само во Македонија, и тоа е глобален тренд. Гледам дека постојат некои алатки за максимално споделување лажни вести и тие алатки се употребуваат од поединци и групи, најверојатно надвор од Македонија. Немаме докази дека тоа се плаќа од кај нас, сигурно доаѓа од надворешни играчи, но граѓаните се доволно мудри да препознаат што се вистински, а што се лажни вести. Ние се обидуваме да ги сузбиеме тие дезинфоремации, за да може вистинските и проверените информации да допрат до граѓаните, бидејќи врз основа на точни и проверени информации, граѓаните ќе донесат исправна одлука и за референдумот, но и за процесите кои следуваат после него. (МИА)

Tags: ЕУЗоран ЗаевМајк ПенсМакедонијаНАТОСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ