fbpx
  • Latest

Замајување на јавноста: Сменетиот Митревски бара оставка од Царовска и се заканува со масовни протести!?

August 10, 2017
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи (фото извор: МНР)

Северна Македонија од 1 јули го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

June 4, 2023
Протести во Полска

Најголем протест од падот на комунизмот во 1989 година: Половина милион Полјаци излегоа на улица

June 4, 2023

Уценувачите на Македонија во една реченица

June 4, 2023

(ВИДЕО) Вучиќ со речиси идентична изјава како и Милошевиќ пред да биде соборен од власт

June 4, 2023
Толпи студенти се пробиваат низ полицискиот кордон пред да се излеат на плоштадот Тијанмен во Пекинг на 4 јуни 1989 година. (Reuters)

Триесет и четири години од масовните протести на плоштадот Тијанмен во Пекинг

June 4, 2023

Пендаровски: Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“

June 4, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Замајување на јавноста: Сменетиот Митревски бара оставка од Царовска и се заканува со масовни протести!?

August 10, 2017 14:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред седум месеци сменетиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, кого за време на минатата власт од бесот на членството, го чуваа специјалци, и кој по разрешувањето, од колегите синдикалци беше обвинет и дека е фалсификатор кој ја замајува јавноста, денеска побара оставка од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, затоа што наводно, повторно „извршила упад во ССМ и направила обид тој да биде сменет по незаконски пат“!?

„ССМ како репрезентативна синдикална организација за јавниот и приватнот сектор, членка на Европската и Светска конфедерација на синдикати, сака да ја информира јавноста за уште еден обид за незаконска смена на раководството на Сојузот и правење на нов антисиндикален чин, историски скандал незапамтен во синдикалната историја во Европа и пошироко, повторно од Министерството за труд и социјална политика и од министерката Царовска“, изјави сменетиот Митревски, кој по скандалот во Сараево, сè уште лажно се претставува како лидер на ССМ, само затоа што одлуката за негово сменување, не ја призна претходниот министер за труд и социјала, со што беше спречено и впишувањето на легитимниот лидер на ССМ, Дарко Димовски во Централниот регистер. Митревски и понатаму не прифаќа интервјуа во живо, ниту покани за учество на дебати, но се обидува да ја убеди јавноста дека е сепак, легитимен претседател на ССМ.

„Со поништувањето на претходното Решение на Министерот за труд и социјална политика се кршат темелните Меѓународни конвенции…, во кои јасно се забранува мешање во синдикалното организирање и избори од страна на државната власт, повреда на член 37 од Уставот на РМ за право на слободно синдикално здружување, повреда на Законот за работните односи член 184-193, повреди на Статутот на ССМ член 7,8, 16 кои сите предвидуваат слобода на синдикалното организирање и слобода во изборот на органите и телата на Сојузот на синдикатите на Македонија“, изјави Митрески.

Тој ја обвини министерката за труд и дека врши „притисок и уцени врз раководството на ССМ да биде пацифизирано и да не се бори за работничките права, а посебно да се пацифизира борбата за барање за повисоки плати и во јавниот сектор, плати за администрацијата, војската, полицијата, правосудството и другата администрација“.

„Поради сите овие против законски дејствија, доколку не биде под итно повлечено противзаконското Решение бараме итна и неотповиклива оставка на Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за која е поднесена Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување казнива по член 353 од Кривичниот законик на РМ, а доколку тоа не го направи, бараме од премиерот Зоран Заев под итно да ја разреши и да овозможи нормално функционирање на синдикалното движење во Република Македонија“, порача самонаречениот лидер.

Иако зад него не стои членството на синдикалните организации, сменетиот Митревски се закани и дека доколку веднаш не биде повлечено решението на Царовска за негова смена, ССМ ќе организира масовни протести и штрајкови!

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДимевскиЗаевлажно претставувањемасовни протестиМитревскиМТСПсамонаречен лидерЦаровска
Share33Tweet21Share
germanEmb
hbs

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Uslovi
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • ES-PRESS-O
  • ЕДИТОРИЈАЛ
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
  • МАРКЕТИНГ