• Latest

Западен Балкан: Години на лошата бесконечност

January 13, 2023

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Западен Балкан: Години на лошата бесконечност

Западен Балкан како да е од филмот „Денот на дабарот“, никако да се излезе од својата „проклета авлија“, од секојдневието кое се повторува...

January 13, 2023 13:39
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Пишувајќи за Нова година новинарот Недим Сејдиновиќ, уредник на порталот „Автономија“ од Војводина констатираше дека од една во друга календарска година минуваме како од една лоша во друга лоша бесконечност. Ги имал во предвид сите проблеми на земјата во која живее, но мора со него да се согласиме: сите држави на Западниот Балкан како да се мачат влезени во некаков жив песок од кој никако не можат да се извлечат. Некаде виновници се политичарите на власта, некаде оние од опозицијата, ама сеедно, напредокот стои под силен знак прашалник, а помошта во форма на гранка на која треба да се фатиме за да не нѐ однесе виорот на настаните, подадена однадвор, едноставно, или не успеваме да ја фатиме, или оние кои научиле да живеат во мракот, политичарите на пештерското минато, просто ќе сторат сѐ, само да останат во зоната на историските премрежија.

И СО ПОМОШ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ Русија го држи Балканот во својата стапица, тука е како во филмот „Денот на дабарот“

Навистина, нема ниту една држава на тој простор, кој нели, Маркс одамна го нарекол „слепото црево на Европа“, сметајќи дека сите лоши работи на континентот, едноставно, се концентрирале на Полуостровот, што нас во едно четиво од пред половина век, кога напливот на марксизмот и учебниците од тој домен ни ги отворија очи за една недопрена тема, најпрвин нѐ шокираа, а сега може да констатираме дека мислителот од Трир сепак ќе да бил во право. Од тоа секако нема голема утеха за актуелните жители на земјите кои сѐ уште се надвор од европските интеграции, без оние нијанси на патот кон Унијата што во мигот навистина не значат многу.

Од каде да тргнеме?

Косово: растурената сарма од Бриселскиот договор

Најпотресното што се случи последниот месец, особено во деновите на прославата на православниот Божиќ е врзан за односите меѓу Белград и Приштина. И постојано тие настани личеа на буре барут за кого постои детонатор, со тоа што не беше до крај јасно која страна ќе го активира! Белградската или приштинската. Имавме дури и натпревар кој ќе ја даде последната провокација, очекувајќи реакција која завршува со нешто што обично – колоквијално – се нарекува користење на долги цевки.

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НАСМЕВКИТЕ Има политичари кои доста го нервираат Ескобар – на фотографијата со Курти

Без опис на настаните во минатата година само да кажеме дека покрај ранувањето на момче и млад Србин, Бадник на Косово беше одбележан и со навреди од Србите – славеници кон до сега недопирливите „бранители на српските интереси“ во поранешната Покраина: кон директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Зубин Поток, потоа и кон носителите на т.н. Српска листа, а на крајот и кон белградските власти како „предавници“. Што кажуваа тие инциденти направени од различни групи? Дека е нарушено правилото, еден да мисли за сите од својот идентитет и конечно покажување на плурализмот во српските енклави на Косово. Населението, следејќи ги инструкциите од Белград, остана без свои претставници во власта, вклучувајќи ја и полицијата која даде отказ на демонстративен начин.

Практично, иако Србите од Косовска Митровица ги тргнаа, барикадите само го отворија патот до разединување – иако беше прогласена „нова победа“, последниот потег на официјален Белград и Српската листа на Косово, гласно беше наречена предавство – првото нешто што прв мораше да го слушне директорот на Канцеларијата за Косово и Петар Петковиќ.

Нема единствено гледање ниту на оние жители на Косово кои беа ранети, бидејќи, на пример, новинарот на ТВ Нова Жељко Вељковиќ во емисијата Нови дан на ТВ Н1, изјави дека младите кои биле ранети на Косово, како и нивните родители биле малтретирани од политичари и од медиумите. Тој изјави дека на протестот во Штрпце се видело дека Српската листа ја „наследила традицијата“ на Српската напредна странка организирано да носи луѓе на митинзи. Тие биле донесени со автобуси од цело Косово. Тоа беше нивна работна обврска, добивале пораки дека мора да се качат во тој автобус, дека треба да одат на тој состанок“, истакна Вељковиќ.

„Неспорниот биланс е дека двајца момчиња во Косово биле малтретирани, пред сѐ, од политичарите, кои ги злоупотребиле нивните снимки и фотографии. На Пинк го имаме претседателот Вучиќ, а зад него видео ѕид, каде цело време може да се види единаесетгодишно момче во болница кое е повредено и се тресе од страв. Постојано го гледаме неговото лице, а го гледаме и како покажува три прсти. А тие две момчиња се жртви, освен тензиите што ги предизвикуваат Белград и Приштина, и на нашите политичари. За жал и на нашите медиуми“, рече Вељковиќ. На еден ненаместен протест околу 200 граѓани протестираа во Косовска Митровица пред просториите на Српската листа (СЛ) поради, како што рекоа, „велепредавство“ на Александар Вучиќ и „мачење, фалење, неконтролирано богатење, закани, уцени“ на раководители во Српска листа. Присутните развиориле транспарент на кој пишувало „Вучиќ – Космет не те сака…“

Ова е значајна промена  – барајќи примена на Бриселската спогодба од 2013 година, Вучиќ жртвуваше сѐ од постигнатото со него, освен она што најмногу му значеше на белградскиот политички врв  – формирање на Заедница на српските општини. За да го добие тоа, тој го фрли во вода практично целиот Договор, доведувајќи го во очај американскиот посредник Габриел Ескобар, кој пак силно нагази врз Приштина да се доврши со воспоставување на таа Заедница. Сега Белград во своите раце нема ништо, доби поделба на српското ткиво на Косово, доби негативен одговор од меѓународните сили за да влезе со своја војска на северот од некогашната Покраина (што можеше да биде контекст на една тактика околу Нова година) и мирно замина за Хилендар со синот, оставајќи му на Ескобар да ги реди одново растурените коцки на преговорите. Курти, кој беше притиснат до ѕид и од САД и од другите косовски политичари, може сега да земе здив.

Босна и Херцеговина: Орден за најнеомилениот лик на планетата

Како што е вообичаено, кога српскиот претседател Вучиќ некаде не ги остварува своите цели, дури може да се рече доживува дебакл, тој си има свое компензационо подрачје каде ќе ги смирува нервите на своите гласачи. Тоа е често – Република Српска, каде лидерот Додик одржа воена парада со која го одбележува 9 јануари, ден што беше прогласен за неуставен и осуден и лани и уште повеќе годинава од страна на западните сојузници и гарантите на Дејтонскиот договор, основата на постоењето на БиХ.

Клучниот претставник на западната волја во Сараево, Кристијан Шмит, јасно оцени дека стои зад сите постапки кои државата ќе ги преземе против кршењето на одлуката на Уставниот суд, Додик одлучи парадата да ја држи во Источно Сараево, а не во Бања Лука, што е провокација на квадрат! Згора, на истиот чин дојде синот на Вучиќ, Данило, што замирисува на користење на некаков династички модел, потоа министри од Србија, ама и од Црна Гора, што дава симболика на своевидно заокружување на просторот, како можна крајна цел на процесот на раздружување на БиХ, како што оцени Шмит во својата критика.

ГОСТИ ОД РУСИЈА Претставници на Ноќните волци на дефилето по повод 9 јануари

Врв на скандалозниот настан беше доделувањето на орден на Путин и тоа во ерата кога меѓународната изолација на истиот е на својот врв, а неговиот нечовечки лик стана симбол на најголемото актуелно зло! Орденот е практично ставање на прст во окото на најголем дел на светската јавност. Имавме и јасно кажување од Додик дека во секое време може да се потпре на Белград (!), ама реално, гледајќи од косовски ракурс, ова е многу лош чекор токму за СНС! Зошто? Бидејќи, покажува дека стравувањата од формирањето на Заедница на српските општини има во себе сецесиски елементи, на што укажува Курти, но укажуваа и премиерите од претходните приштински влади?! Па на ден-два таа парада на Додик можеби лечи некои косовски „рани“, ама става веќе на неделен рок – лут пипер на нив.

Црна Гора е одново пример за сериозноста на антизападните сили на Балканот

Министрите Марко Ковач и Александар Дамјановиќ од црногорската влада присуствуваа на одбележувањето на 9 јануари во Источно Сараево. Премиерот Абазовиќ рече дека нема да ги казни. И призна дека не знаел за нивното заминување во Сараево. На ова го потсети и протестното писмо од министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ. Самиот премиер Абазовиќ е едноставно политичар кој просто лебди на таа функција откако добро „ги измеша сите карти“ кои, на крајот на краиштата, не носат позиција од која навистина може и да се практикува извршната власт?! И претставува уште еден балкански политичар кој ги кине нервите на американскиот заменик-помошник на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар.

Да потсетиме, после една разочарувачка посета на Бања Лука, овој функционер, одговорен за Западниот Балкан, допатува во кратка посета на Подгорица и после еден получасовен разговор со претседателот на најбројната партија во црногорскиот парламент и претседател на државата Ѓукановиќ му обезбеди на Абазовиќ мнозинство да формира влада. И тоа под поволни услови – Ѓукановиќ да не бара за себе никаков „колач“ од извршната власт. Таа идеална позиција му овозможуваше да води прозападна политика.

Практично, овој чекор на Ескобар го елиминира литијскиот пуч на СПЦ во Црна Гора, кој освен што беше просрпски, беше и проруски (и тоа во земја која е членка на НАТО); но набргу овој проект се еродираше. Ова настана откако Абазовиќ се прецени и се обиде тој самиот да ги изнивелира односите во општеството, но главно на штета на црногорската посебност, па сега едноставно и тој самиот виси „на конец“, во некоја лимбо ситуација. Го изгуби пасивниот, но сигурен сојузник, а не го доби новиот политички пријател кај просрпската политичка елита. Дури, се дозволи со закон (!) да се менува Уставот и да се смалува обемот на овластувањата на претседателот Ѓукановиќ.

Лутиот Ескобар неодамна му порача помалку да мисли на приклучувањето кон Отворен Балкан, инаку американска иницијатива, отколку на изгласување на нови судии во Парламентот за Уставниот суд во Подгорица што е блокиран во работата со дефицит на членови, а е битен за функционирањето на третата власт. Накусо и барем засега, прозападните сили во оваа држава, која е член на НАТО ама „заталкана“ на патот кон ЕУ, е важна за општиот впечаток за политичката опсервација на Полуостровот.

Србија како подрачје каде борбата на двоецот Хил-Ескобар ќе мора да има нови рунди

Доаѓањето на „тешкашот“ Хил во Белград за амбасадор на САД, како помош на веќе влезениот „во рингот“ и споменат погоре Габриел Ескобар, требаше конечно да го реши косовскиот јазол и да ги релаксира сите односи на Полуостровот што повеќе или помалку зависат од него, пред сѐ кај земјите кои не ја довршиле интеграцијата во ЕУ. Познатото ескивирање на Вучиќ и неговата „ниту ваму, ниту таму“ позиција во меѓународните односи и неговиот познат консумеризам кога се однесува на сите важни лостови на власта од страна на претседателот во таа земја (која и не е претседателска во уставно-правна смисла), засега го омекнаа исходот.

НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА Вучиќ не го дочека министерот Лавров – немаше дозвола за прелет низ три балкански земји. На фотографијата: од средбата Лавров – Вучиќ во октомври, 2021 година.

Тука секако одлучи тоа што Вучиќ, во меѓувреме, повикувајќи се на енергетската зависност на земјата од рускиот гас и нафта ја одржуваше својата, да ја наречеме така – неутралност, ја елиминира од владиниот кабинет единствената дотогашна министерка (за енергетика!) која безрезервно бараше кормилото да биде завртено кон западните интеграции (Зорана Михајловиќ), но ги остави многуте од оние кои имаа голем корупциски капацитет, што комплетно ги девалвираше сите обиди за демократизација на извршната власт. Ова изостана и на локално ниво, па и во Белград, кој покажа силен отпор кон автократијата на Вучиќ, да се потсетиме. Во меѓувреме, добивката од енергетското поврзување со Русија ја нема таа поволна цена!

Клучната точка на дејствувањето на двоецот Хил – Ескобар во еден миг беше ставена во елиминирање на инаетот на косовскиот премиер Курти во однос на воспоставувањето на т.н. Заедница на српски општини, последната точка од Бриселската спогодба, но развојот на настаните покажа дека некому на Балканот не му е во интерес средување на конфликтите, како зародиш на уште подраматични настани, па дури и воени судири!

Либералните аналитичари во Белград не кријат дека Вучиќ и неговата екипа не ја искористија во еден миг силната поддршка на западните сили, ретка во изминатите децении, за да поентира на неа. Но, притоа не треба да се заборави на фактот дека Вучиќ, едноставно, знаел дека при условно победа во конфликтот со Косово ќе мора веднаш потоа да се определи и кај геостратешката крстосница, каде конечно ќе оди, а тој тоа не сака да го стори!

Албанија и Северна Македонија – браќа во маката

Деновиве доста прашина се подигна околу заедничката вечера на пет албански партии од Македонија, претставувани од своите шефови кај албанскиот премиер. Оние протагонисти на опозициониот страв од таа средба ова го нарекоа „патернализам“ на албанскиот премиер Еди Рама, едноставно, без да ја гледаат заедничката мака на двата соседи. Да, нашата земја има мака со опортунитетот на опозицијата околу создавањето на мнозинство за уставни промени, сосема банални како мотив.

Притоа, освен што треба да се добие двотретинско мнозинство, на моменти е проблем и дали ќе се задржи и простото мнозинство, бидејќи, дел од албанските партии се обидуваат да уценуваат за своето давање на согласност за таа промена на основниот правен акт, дел од пратениците ненадејно се будат како „утрински патриоти“ (Павле Трајанов) и слично, бидејќи, ниту „непријателот не мирува“.

РАМА СО ДОЈДЕНЦИТЕ Разговор за промена на Уставот – без додатни барања од албанските партии

Каде е интересот на Рама во овој случај? Да, тој нема таков вид на опструкции во својата земја, но тој е свесен дека, за да влезе во Унијата,  ќе му успее само со Северна Македонија како двоец. Во спротивно, тој ќе треба да ги продолжи преговорите со – без сомнение – подигнатата лествичка кај сите идни препреки во форма на конкретни условувања/критериуми. Има доволно јасни сознанија за ова, особено ако војната во Украина продолжи, што засега е видливо, а што ќе ги исцрпува европските ресурси на континентот.

Владата на Ковачевски, како и претходната, мина низ неколку силни кризи (здравствена, економска број еден – спасување на претпријатијата, економска број два – инфлација дојдена однадвор, енергетска, како последица од војната во Украина – безбедносна, поврзана со споменатиот воен конфликт). За цело време, наместо помош, кога имаме вонредни состојби, власта го имаше товарот од опозицијата на вратот, составена од привидна двопартијност (Левица е создадена од потписници – членови на ВМРО-ДПМНЕ) и со постојаните повици „вонредни избори, вонредни избори“.

КОЧНИЧАРИ Никогаш „Да“, секогаш „Не“ кога се работи за приближувањето до Запад – протест на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Истата таа политичка групировка (ВМРО ДПМНЕ – Левица) одзема речиси една година, не дозволувајќи конституирање на новата власт во текот на 2017 година, изведуваше десетина „случувања на народот“, потоа изгуби на претседателските избори, па изгуби и на едни вонредни парламентарни избори, додека на двете локални гласања имаше еден пораз и една победа. Но годинава, 14 месеци по последните локални избори, се виде вистинското лице на опозицијата, кое никаде не остана неизвалкано и претставува слика на некадарност за водење на важни ресурси.

За жал, силите што ја влечат земјава назад, не се ниту мали, ниту наивни, а ги има – и видливи и подземни. И последната посета на руски велокодостојник од московската црква, не е добра вест. Тој не доаѓа со добри намери, ниту да му честита именден на поглаварот на МПЦ г. г. Стефан.

Место заклучок, повикувам да се прочита еден текст на големиот бугарски новинар Евгениј Дајнов, кој јавно кажува дека повеќе не чита и не гледа ниту еден бугарски медиум веќе три недели пред Нова година. И вели да се направи проба – на еден чист лист хартија да се стави на половината една вертикална црта, како кога играте табланет. На едната страна на листот да се пишуваат оние наслови кои одговараат на руските интереси, а на другата, оние либералните, кои се на страна на западните интеграции. Резултатот ќе биде јасен. Едната половина ќе остане безмалку празна.


Текстот е личен став на Авторот. Избор на фотографии: Авторот. Колаж: Редакција. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗападен БалканинтеграцииРусијаСАДтензии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ