• Latest

Западот бара одговорност од Русија за уривањето на малезискиот авион над Украина

May 25, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Западот бара одговорност од Русија за уривањето на малезискиот авион над Украина

May 25, 2018 14:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија, НАТО, како и  владите на Холандија и Австралија денеска ја повикаа Русија да преземе одговорност за уривањето на малезискиот патнички авион над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа 298 лица.

Повиците за руска одговорност следуваат откако вчера меѓунардониот истражен тим соопшти дека утврдил оти авионот било погоден со ракета довезена во Украина од Русија.

Европската Унија бара одговорните да се соочат со последиците од своето дело и ги повикува сите земји целосно да соработуваат за утврдување на одговорноста за инцидентот, се наведува во денешното соопштение на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пак во својата реакција оцени дека уривањето на авионот претставува „светска трагаедија“.

– НАТО во повеќе наврати изрази поддршка на напорите за разјаснување на она што се случило на тој ужасен ден, за да се обезбеди правда за 298-те загинати и нивните блиски, оцени Столтенберг.

Владите на Холандија и Австралија пак изјавија дека ја сметаат Русија за одговорна поради нејзината улога во уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот МХ17.

– Холандија и Австрлија ќе побараат одговорност од Русија поради повзраност со уривањето на МХ17. Барањето одговорност од една земја претставува комплексен правен процес, се наведува во соопштение на холандската Влада.

Шефот на холандската дипломатија Стеф Блок соопшти Хаг и Канбера веќе ја информирале Москва за својата намера.

– Треба да биде утврдена вистината за трегаедијата. Холандија и Австралија денеска побараа од Русија да започне дијалог за се најде решение, кое ќе претставува сатисфакција за огромните страдања и штети од уривањето на летот МХ17. За ова прашање, Холандија има поддршка од меѓународната заедница, изјави Блок.

Меѓунардониот истражен тим за уривањето на малезискиот патнички авион, вчера соопшти дека утврдил оти леталото било погодено со руска ракета.

– По внимателна анализа на видео снимките утврдено е дека ракетата „Бук“ со која беше урнат авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот МХ17 и припаѓала на руска воена единица стационирана во Русија, изјави претставникот на холандската полиција Вилберт Паулисен.

Според него, ракетата била дел од вооружувањето на руската 53-та Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск.

На денешната презентација на прелиминарниот извештај на истражниот тим беше емитуван и филм, на кој според истражителите, е прикажан патот на ракетата од Курск до источна Украина.

Холандскиот обвинител Фред Вестербеке од своја страна изјави дека иако има суштински напредок во истрагата, се уште не може со сигурност да се каже кој и зошто го урнал авионот.

– Во врска со случајот се осомничени неколку десетици лица, додаде Вестербеке,

Авионот на „Малезија Ерлајнс“ на реалција од Амстердам до Куала Лумпур беше соборен со ракета над источна Украина на 17 јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на леталото.

За уривањето на авионот меѓусебно се обвинуваат укранската армија и проруските сепаратисти од источна Украина. (МИА)

Tags: ЕУМалезиски авионНАТОодговорностРусијаУкраинауривање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ