пишува: Сашо Орданоски
[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]ашиот познат писател, колумнист и бизнис-мемоарист Венко Андоновски бил именуван лично од страна на премиерот Заев за негов советник, за да му помага во одредени прашања од сферата на културата. Колку што Заев има врска со културата, толку Венко има врска со клучните прашања од политиката на Заев. Сигурен сум дека ќе биде тоа еден взаемно надграден, продуктивен културно-политички однос, баш така една адорабл тула во едното општество за сите.
Заев има и законско и морално право самиот да си го бира тимот околу себе. Заради неговото истенчено чувство за водење кадровска политика со високи критериуми за ветинг на соработниците, деновиве, гледаме, ја спроведува „Операцијата метла“.
Тоа е за премиерот – не знам, па, на Венко што му треба оваа работа?! Или меѓу Груевски и Заев навистина нема никаква суштинска разлика, па му доаѓа сеедно?
Според тоа, легитимно е прашањето зошто и г-ѓа Канчевска-Милевска да не добие шанса да биде новиот министер за култура во следниот состав на Владата, откако премиерот ќе ги подзамете овие со кои неколку години крвареше за да го сруши режимот на Фамилијата?
Другарчиња, толку за денеска. Пссссст, тишина, Заев бира нови кадри…
[divide]
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.