ЗОРАН ИВАНОВ
Ова летањево хартии, неколкуте микрофони и еден, два преносни компјутери и архиварското администрирање со чевларски манири е некаква хормонална последица, покажување машкост, перчење со пратенички имунитет, само примитивен популистички маркетинг или што и да е, неважно е, важното е што предизборната реа почнува да задушува па само како некаква инфантилна палавост ќе се регистрира вчерашното вандалско дивеење во собранието на пратениците на Левица Крмов и Апасиев, а наспроти неодамнешните јавни закани на уредникот на телевизиската „Заспиј …“ Момироски кој, следејќи го вокабуларот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски дека ќе „апсел, судел и пресудувал“, му излета фрустрирачката закана дека „и глави ќе се тркалаат“, навестувајќи така некаква жестока одмазда кога ќе паднела оваа и кога повторно ќе се устоличела по „чесност“ веќе докажаната партија чии „чесни“ функционери со години талкаат по судници, притвори и затвори но, да заклучам во оваа една реченица, избори идат па ајде и тоа чудо да го видиме, ај што засега само хартии летаат, туку и глави, нели, ќе се тркалаат.