Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тема на разговорот, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.
„Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина“, стои во соопштението.
Средбата се одржа по вчерашното приведување на 36 лица за насилставата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.