„Овде во Давос привршува Светскиот економски форум. Впечатокот е јасен. Светот е глобално село, а неговите лидери знаат дека треба да да се поврзат уште повеќе и заедно да ги направат локалните средини подобро место за живеење“ рече Заев оценувајќи го учеството на делегацијата од Република Македонија на Светскиот економскиот форум во Давос.
Заев додаде дека во сите работни средби, заедно со Никола Димитров, министер за надворешни работи, добиле поддршка во спроведување на рефоримите во Македонија, со јасна порака дека се клучни за економскиот просперитет на земјата.
„Нашиот став тука е слушнат: Западен Балкан создава сплотена иднина во ЕУ и НАТО“, изјави Заев.
„Интеграцијата на Македонија надвор, реформите и економските мерки дома, се клучни за развој и за внатрешен напредок на нашата држава… Како што истакнуваат светските лидери, мораме да внимаваме на развојот на локалните заедници. Мораме да вложуваме во вештините на луѓето и да гарантираме безбедна работа дома. За тоа се зборува овде во Давос. За тоа ќе работиме и кај нас дома“, изјави премиерот.
Охрабрувања и интереси за поддршка на Македонија како што изјави тој, стигнале на средбите со претставници на Европската банка за обнова и развој, со гигантите Мајкрософт и Филипс, како и со Борисов, Вучиќ и Брнабиќ, Ципрас, Тачи, Пленковиќ, Церар и еврокомесарот Хан.
ЦМ