• Latest

Заев: Победа во Штип и крај на поделбите и политиканството

October 25, 2017

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Победа во Штип и крај на поделбите и политиканството

October 25, 2017 09:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од вчерашниот митинг во Штип порача дека на општината ѝсе потребни промени, кои ќе се направат со пенкало в рака и со масовно излегување на гласачките места на 29 октомври, давајќи му поддршка на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски.

„Убеден сум во победа во Штип заради тоа што тоа го знае и Илчо Захариев, дека Советот го добивме. Еве го виорот на ветрот се шири по Македонија и тие што беа уплашени и тие што беа поткупени и тие што беа уценети, знаат дека промените се случуваат во Штип“, порача Заев.

Тој истакна дека кандидатот за градоначалник Благој Бочварски, мнозинството во Советот на Општина Штип, министрите во Владата и 23 коалициски партнери испраќаат недвосмислена порака дека новата страница за Штип и за Македонија значи крај на поделбите и на политикантство.

„Доста нè делеа на СДСМ-вци и ВМРО-вци, сите сме граѓани! Од овие поделби не нѝја чини Македонија. Затоа, подавајте рака секому. Помогнете на тие што сакаат да нѝпристапат. Кажете им дека за нас, сите граѓани ќе бидат еднакви“, рече Заев. Според него, на Штип му е потребен градоначалник со енергија и млад дух.

Заев на митингот во Штип повтори дека по победата на 29 октомври, Штип ќе ја добие стопроцентната поддршка за негов развој. Тој истакна дека ќе се одржи и ќе се гарантира автономијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе расте стандардот на студентите и ќе се инвестира во нови студенски домови.

„Во соработка со општината ќе работиме за развој и инфраструктурно поврзување на Штип. До септември 2018 година ќе го завршиме автопатот Штип-Миладиновци. Штип ќе се поврзе со Кочани преку изградба на експресниот пат во должина од 28 километри и продолжуваме се понатаму до сите градови. Штип ќе се поврзе и со Радовиш, ќе изградиме експресен пат Штип- Радовиш со што Штип-Миладиновци ќе се поврзе и со мојата Струмица“, вели Заев.

Смета дека гласот даден за Илчо Захариев е изгубен глас, а верува дека тој, Бочварски и сите граѓани на Штип на 29 октомври ќе слават победа со што во минатото ќе се испратат Захариев и неговиот лидер Груевски, со што како што рече, завршува времето на криминалот, корупцијата, стравот, заканите и уцените.

„Со неговиот грд национализам го извалка и градот Штип, зборувајќи националистички. Вели на 27 април родољуби влегле во Собранието. Родољубие ли да убиваш пратеници? Јас од 27 април научив една убава мисла која што е кажана насекаде, а тоа е успешен човек е оној, кој ќе успее да изгради темел од камењата со коишто маваат по него. Така ја градиме Македонија. Излеговме како феникс и јас и Благојче Бочварски и други пратеници и ја градиме Македонија уште повеќе мотивирани, уште повеќе охрабрени“, подвлече Заев.

Бочварски порача дека откако во првиот круг на локалните избори СДСМ го доби мнозинството во советот на општина Штип, на 29 октомври ќе го добие и новиот градоначалник. На граѓаните на Штип им порача дека простор за страв нема и дека заврши времето на заканите и уцените. Тој повтори дека Штип со новата локална власт ќе биде убав модерен град во кој ќе се гради плански и согласно урбанистичките планови.

„Штип ќе биде гасифициран, ќе добие затворен градски базен, модерен аква парк, водовод и канализација во сите населени места каде што нема, квалитетно изградени и асфалтирани улици, нов дом за стари лица, а исто така ќе им се помогне и на родителите на деца со посебни потреби“, најави Бочварски.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Благојче БочварскиЗоран Заевлокални избориШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ