• Latest

Заев: „Ромското прашање“ е граѓанско прашање

November 24, 2017
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: „Ромското прашање“ е граѓанско прашање

November 24, 2017 13:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Постои политичка волја кај новата Влада на Република Македонија, за вистинска имплементација на Стратегијата за состојбата на Ромите во Република Македонија и за следење на сите европски препораки, меѓу што и почитување на Европската Платформа којашто се однесува на инклузија на Ромите во општествата. Би рекол, доста е зборување, време е за конкретни иницијативи“, истакна премиерот, Зоран Заев на денешниот втор работен состанок за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија.

На состанокот учествуваа министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во РМ, Самка Ибраимовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и претставниците на Делегацијата на ЕУ во земјата, Никола Бертолини и Марта Гарсија Фидалго, како и претставници на невладиниот сектор.

Заев во своето обраќање пред присутните потенцираше дека Владата на Република Македонија е определена и решена да гради инклузивно општество и дека ќе овозможиме целосна социјална инклузија и на граѓаните Роми во државата.

„Напластените проблеми не познаваат националност, вера, или друга различност. Ако тргнеме од прашањата кои се важни за овој состанок, треба да констатираме дека домувањето, поседувањето лични документи, вклученоста во образованието и културата, вработувањето и здравственото осигурување, или малолетнички бракови, засегнуваат граѓани.

Ние на граѓаните во Република Македонија така гледаме, низ нивните заеднички потреби и изнаоѓањето квалитетни решенија што ќе одговорат на потребите на сите.

Но, факт е дека најзасегнати за посочените прашања се граѓаните Роми, и факт е дека треба да се преземат активни мерки, без одложување.

На теренот, Министерството за труд и социјална политика заедно со граѓанските организации работи на мотивација на родителите од ромските семејства, да ги испраќаат децата во градинка и училиште.

Се вклучивме поактивно во обезбедувањето просторни услови за Ромските информативни центри. Обезбедуваме вистинска комуникација со граѓаните, советување, и поддршка во остварувањето на нивните права како граѓани на оваа наша Македонија, рамноправни со сите други.

Според достапните мапи на податоци за лица што се соочуваат со недостиг на лични документи и евиденција во матичната книга на родени, и по утврдувањето на состојбите на терен, ќе ги заокружуваме податоците што треба да ни овозможат темелен пристап во решавањето на овој долгогодишен проблем. Затоа што, тоа не е проблем само на граѓаните Роми, туку е проблем и на државата.

Исто како што не е проблем само на граѓаните Роми, туку и на државата, редовното пред школско и училишно образование на децата Роми, кои ако имаат соодветно образование, полесно ќе обезбедат и свој простор на пазарот на трудот. Вработувањето ќе значи и лична егзистенција и егзистенција за своите семејства. Јас сум убеден дека оваа Влада ќе покаже побрзи и видливи резултати во овие области затоа што ние се поставивме така што ги тргаме клучните бариери, а тоа се предрасудите за нашата различност.

Секое дете ни е важно и секој граѓанин ни е важен. Секој!

Како Влада се определивме за тесна соработка со граѓанскиот сектор, којшто со долгогодишната работа на теренот е добро запознаен со проблемите и начините на коишто може да се подобри положбата на граѓаните Роми во Република Македонија.

Тука сум денеска да ве охрабрам и да испратам цврста порака ќе следам како ќе се решава „ромското прашање“ во Република Македонија, затоа што, само ако сме сите среќни, можеме да бидеме навистина среќни. Оти, таканареченото „ромско прашање“ е граѓанско прашање, прашање на Република Македонија.

Ромите се рамноправен народ во Република Македонија. Децата Роми имаат право да ги уживаат детските права.

Се работи за желба да изградиме општество за сите, но, се работи и за обврска да го направиме тоа, во име на нашата заедничка иднина, во име на спокојна иднина са сите нас.

Ромите ќе го добијат уставно загарантирано право на еднаквост и правото за достоинствено место во Република Македонија, во нашата заедничка држава, во Македонија за сите“, истакна Заев.

Д.М.

Tags: Зоран ЗаевимплементацијаРомистратегија
Share172TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ