• Latest

Заев: СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство!

February 7, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство!

February 7, 2017 17:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребата од брза разврска на политичката криза, со цел Македонија што поскоро да добие влада, којашто ќе се посвети на клучните прашања за граѓаните и развој на државата бил фокусот на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.

Средба Заев – Шчербак

„СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство со цел – формирање стабилна влада, којашто ќе се зафати со сите потребни реформски процеси за да обезбеди добра иднина за граѓаните и за Република Македонија“, рекол Заев на средбата, соопштуваат од СДСМ.

Заев, како што соопштуваат од партијата, истакнал дека СДСМ е определена кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните, преку почитување на Уставот и на законите, „наспроти сегашната практика на Ѓорге Иванов и на власта во заминување, поради кои земјата стана хибриден режим“.

„Демократските процеси во Македонија се почнати. Ним им дадоа поддршка 612.000 граѓани од сите етнички заедници, кои го избраа концепот на заедништво и Македонија – едно општество за сите. Само концептот на еднакви граѓани, правда, квалитетен живот за сите, силно ја гарантира унитарноста и добрата иднина на Македонија“, рекол Заев на средбата со амбасадорот Шчербак.

Тој истакнал дека политичките субјекти во Македонија „преку своите потписи на Договорот од Пржино, ја изразија својата подготвеност за напредок на Македонија низ реформски процеси. Тоа го потврдија мнозинството граѓани преку кредибилните избори. И сега е потребно, сите партии да ја покажат својата совесност и да го овозможат демократскиот развој на Македонија“.

Tags: демократски процесиЗоран Заевнова владаОлег Шчербакполитичка кризаРуска ФедерацијаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ