• Latest

Заев во добрососедска посета на Србија

November 22, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев во добрососедска посета на Србија

November 22, 2017 10:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на премиерот Зоран Заев на Србија, која заврши вчера, беше медиумски следена со голем внимание од речиси сите српски медиуми, како и од странски дописници. Најголем интерес српските новинари искажаа за актуелната дипломатска и политичка состојба меѓу двете земји по неодамнешните турбулентни односи, јавува МИА.

„Политика“ во вчерашниот број ја посвети насловната страна на интервјуто со македонскиот премиер под наслов „Македонија и Србија заедно на страната на мирот“. Телевизијата РТС го наслови прилогот за посетата на Заев со пораката на Вучиќ упатена до македонскиот премиер дека Македонија во Србија има искрен пријател. Со вакви наслови одат и „Дневник“ и „Вечерни Новости“.

Влијателната американска телевизија „Н1“ го наслови прилогот за средбите со изјавата на Вучиќ дека соработката со Македонија не се доведува во прашање. И останатите медиуми, акцентот на посетата на македонскиот премиер на Белград го ставија на тоа дека односите меѓу Македонија и Србија се партнерски и добрососедски, а евроинтеграциите се приоритет.

Речиси повеќето медиуми ја проследија и веста дека Заев на Вучиќ му подарил дрес на ФК Вардар со бројот 9 и со презимето на српскиот претседател.

Македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на средбата во Белград констатираа дека традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји е исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области. Тие изразија и меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси.

Од особен интерес, како што посочија Заев и Вучиќ, е соработката во сферата на безбедносните прашања, економската и социјалната благосостојба на граѓаните на двете земји, како и регионалните иницијативи за кои и од Македонија и од Србија имаат особено голем интерес.

На средбата било договорено Македонија и Србија да ги реафирмираат идеите за соработка на одбележувања на значајни настани, датуми и културно-историски места од интерес на двете земји, како и конкретна соработка на културен план на ниво културно-информативни центри во двата главни града.

Премиерот Заев оствари средба и со српската премиерка Ана Брнабиќ на која истакна дека Македонија го почитува дијалогот што Србија го отвори со Косово, односно меѓу Белград и Приштина.

„Ние тоа го поддржуваме комплетно и се надеваме дека тоа ќе биде наскоро бидејќи тоа е важно за Србија и за нејзината европска перспектива, но исто така од тоа прашање зависи и перспективата на целиот наш регион“, изјави македонскиот премиер Заев.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по денешните разговори со македонскиот колега изјави дека е постигнат прелиминарен договор за заедничка седница на  двете влади, што ќе треба да се одржи кон крајот на февруари или на почетокот на март следната година.

На крајот на посетата Заев оствари средба со нерезидентните амбасадори што ја покриваат Македонија од Белград пред кои ја презентираше имплементацијата на реформските процеси од Планот 3-6-9 и со македонските здруженија во Србија на кои им предаде книги и литература на македонаки јазик наменети за учениците од основните училишта во Србија. Премиерот и претседател на СДСМ Заев се сретна и со Драган Шутановац, лидер на опозиционата Демократска странка, која е сестринска партија на СДСМ во Европскиот парламент и со која од порано имаат развиено соработка.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: Александар ВучиќЗоран Заевпосетасоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ