Заврши гласањето на референдумот „за“ или „против“ отворање рудници во општина Валандово заврши, но резултатите се неизвесни. ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудуваше целиот процес на подготовки, пропагирање, опструкции, како и денот на референдумското изјаснување во општината.
На референдумот имаа право да гласаат 10,141 гласачи, според информацијата на ДИК. Претставниците на иницијативата „Спас за Валандово“, како и низа граѓанки и граѓани, се жалат на силни притисоци и опструкции од локалните власти кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и од инвеститорот, компанијата „Сердич“.

Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат и за низа проблеми со Избирачкиот список, за што ЦИВИЛ Медиа веќе објави два извештаја. Според пријавите и приложените докази, неколкумина гласачи се жалат дека, иако на електронската верзија на Избирачкиот список го виделе своето име и бројот на избирачкото место каде што треба да гласаат, избирачките одбори ги известиле дека ги нема на списокот и дека не можат да го остварат своето гласачко правво.
Украинската амбасада акредитирала околу 50 свои набљудувачи, според информацијата од ОИК Валандово. Во текот на денот, забележливо беше движењето на дипломатски возила на оваа амбасада.