Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на говорот на американскиот претседател Џо Бајден во Варшава вечерва.
Во реакција на Твитер, Зеленски им се заблагодари на Бајден и Америка за „нивното лидерство во собирањето на светот за поддршка на слободата и за нивната клучна помош за Украина“.
I thank @POTUS and all of America for their leadership in rallying the world in support of freedom and for their vital assistance to Ukraine. Together we are heading towards a common victory, and we must ensure it this year already! 2/2
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 21, 2023
Заедно одиме кон заедничка победа и мора да ја обезбедиме уште оваа година!, порача украинскиот претседател на Твитер.
Тој го цитираше Бајден кој рече „Киев стои силно. Киев стои гордо, стои висок и најважно, стои слободно“.
Сите стоиме обединети и храбри – Украина, САД и целата наша коалиција на победата, напиша Зеленски.