Во општеството постои мултиплицирана дискриминација, оценува аналитичарот Рубин Земон, говорејќи на конференцијата „Различностите – благодат или проклетство“ во организација на Цивил. Тој сподели и пример со што се соочува една жена Ромка.
„Замислете една жена Ромка, која притоа е инвалид и живее во рурална средина. За жал имаме такви случаи. Таа е на пет до шест пати дискриминирана и никој на таа тематика не работи комплементарно. На сето ова се работи секвенционално што овозможува оваа личност да се соочува со многу проблеми“, вели Земон.
Според него треба да се проба со нова Стратегија, а напредокот во евроинтеграциите ќе дадат дополнителен поттик да се надминат овие предизвици.
„Советот на Европа на пример усвои платформа за општествена кохезија, која е препорака за сите земји и ние така би можеле да се ускладиме. Сето тоа ќе бара интерресорски координации, покренување на голем број на ресурси, а не се големи финансиски средства, туку треба да се работи со луѓето во институциите. Треба нов пристап да се направи“, додаде Земон.
Дехран Муратов
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски