„Специјалното јавно обвинителство беше формирано со една цел, а тоа е да се одреди законската одговорност што произлегува од скандалот со прислушуваните материјали!“, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Жбогар кој денеска беше во посета на Струмица, на новинарско прашање што се однесуваше на работата на тимот на Јанева, уште еднаш го поддржа СЈО: „Мислам дека на СЈО треба да му се даде време и простор за да ја заврши својата работа!“