Самуел Жбогар, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, на новинарско прашање дали тој лично смета дека Македонија ќе успее да го испорача сето она што е потребно за влез во ЕУ, одговори „Да, јас сум оптимист“.
Жбогар денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од потпишувањето на Римскиот договор а во заедничка соработка на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Делегацијата на ЕУ и амбасадата на Италија во Македонија.
Меѓу другото, на настанот, Жбогар истакна дека вратата кон ЕУ за Западен Балкан остануваат ширум отворени и дека во 2018, Македонија ќе направи неповратни чекори кон ЕУ интегративниот процес.
Жбогар е убеден дека ако сите политички партии и сите етнички групи во земјата се обединат околу едната и единствена цел, ќе се види прогрес во односите Македонија и ЕУ и дека конечно, следната година, може да се дојде до долго очекуваната и долго посакуваната цел, а тоа е отворање проговори со Европската Унија.
Б.Ј.