• Latest

Жбогар: Патот до почист воздух е во рацете на секој граѓанин!

January 26, 2017
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жбогар: Патот до почист воздух е во рацете на секој граѓанин!

January 26, 2017 13:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната завршна конференција на проектот за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот во Македонија, беа дадени препораки – за зајакнување на меѓусекторската соработка, за интегриран приод и интензивирање на имплементацијата на мерките од Националниот и локалните планови за квалитет на амбиенталниот воздух, за обезбедување одржливост на Националната мрежа за следење и мониторинг на воздухот, за основање Национална лабораторија за мерење на загаденоста и за зголемување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Степеност на смртност на годишно ниво е во голема мера производ на високата загаденост на воздухот“, изјави денес на завршната церемонија на Твининг проектот за зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот, шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Тој потенцираше дека проектот им помага на централните и на локалните власти во Македонија, како приоритет да го постават подобрувањето на квалитетот на воздухот, зашто, според него, „патот до почист воздух во земјата е во рацете на секој граѓанин“. Според него, загадувањето на воздухот и понатаму предизвикува сериозен ризик врз човековото здравје во Македонија и поради тоа, Европската унија над десет години го поддржува јакнењето на националните капацитети за управувањето на квалитетот на воздухот. Жбогар исткна дека е неопходна постојана посветеност на властите и на институциите, на малите и на големите бизниси, како и на самите граѓани за подобрување на квалитетот на воздухот.

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети рече дека е испратен предлог до Владата за преземање мерки за намалување на загадувањето на воздухот, така што, МВР ќе воведе регулиран сообраќај по принципот пар-непар.

„Ние, како Министерство, ги преполовивме службените возила, со што сакаме да придонесеме кон решавање на овој проблем, а истото го предложивме да го направат и останатите министерства од Владата. Ова ќе можеме да го постигнеме само со заеднички напори и одговорност за да се обезбеди здрава средина за идните генерации“, рече Амети.

Според изнесените податоци концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките многу често ги надминуваат дозволените граници, а како извор на нивното зголеменото присуство се металуршката индустрија, затоплувањето на домовите, сообраќајот, депониите…

Според министерот Амети, пак, изготвен е извештај за состојбата со квалитетот на возудхот во последните години и плански документи за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово, а подобрена е и функционалноста на порталот за квалитет на воздухот. Реализираните проекти за подобрување на животната средина со странските партнери – Финскиот метеоролошки институт и Агенцијата за животна средина на Австрија, ја покажуваат ефикасноста на ваквиот модел на соработка

Проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот“ е поддржан од Европската унија, со 1,1 милион евра и беше имплементиран од мај 2015 до јануари 2017 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање, со вклученост и на Институтот за јавно здравје, Град Скопје и други општини.

Tags: аерозагадувањеБашким Аметиекологијаквалитет на воздухотМинистерство за животна средина и просторно планирањеСамуел ЖбогарСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ