Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се сретна со жителите од Кале и им вети дека по велигденските празници, во вторник, ќе почне поставување нова водоводна мрежа, а на местата на ископот улиците ќе се асфалтираат.
Како што информира општина Центар, на средбата жителите истакнале дека пијат неквалитетна и нечиста вода од стари водоводни цевки и поради тоа најмалите имаат здравствени проблеми.
Сите диво приклучени жители, како што се наведува, ќе бидат исклучени и регуларно ќе добиваат и плаќаат квалитетна вода.
Општина Центар соопшти дека ќе се решаваат и случаите за легализација, а надлежните ќе водат повеќе грижа за хигиената.
извор: МИА