• Latest

Железничарите чекаат на платите, министерот Мисајловски манипулира!

February 28, 2017
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Железничарите чекаат на платите, министерот Мисајловски манипулира!

February 28, 2017 13:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе втора недела како железничкиот сообраќај е во целосен прекин. Штрајкуваат вработените кои сè уште ги немаат добиено јануарските плати. 

Работниците не се согласуваат да почнат да работат сé додека не им се исплати јануарската плата. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски вчера изјави дека за да ги добијат своите плати, „МЖ Транспорт“ и „МЖ Инфраструктура“- треба да работат.

„Сè што ќе сработат во текот на месецот, треба да го фактурираат до Министерството за транспорт и врски, а Министерството веднаш да ги исплати сите средства, бидејќи тоа се оперативни трошоци што ги покрива Владата. Сè она што ќе биде профит и приход на претпријатието останува таму, но за да ги фактурира сите оперативни трошоци и загуби, мора да работи“, рече Мисајловски.

Ѓоко Илиевски, од Иницијативниот одбор на протестот вели дека вработените не се согласуваат со министерот, и дека тие ги бараат парите за месец кој веќе е одработен.

„Не е проблемот во тоа дали работиме или не. Сакаме она што сме го изработиле, да ни се плати. Сè додека парите не легнат на нашите сметки, ние ќе протестираме. И да потсетам, ние сме на работните места и чекаме“, изјави Илиевски.

„Мисајловски лаже. Според Законот за работните односи (член 109): Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. Ова значи дека веќе требало да биде исплатена платата и нејзиното неисплаќање не само што нема врска со штрајкот, туку, е и спротивно на законот. Уште повеќе, според членот 260 од Законот за работните односи: (1) Организацијата надлежна за работите на јавните приходи е должна да го известува надлежниот инспектор на трудот, за работодавачите кои не извршиле пресметка и исплата на плати, односно, најниска плата за претходниот месец. (2) Известувањето од ставот (1) на овој член се доставува до инспекторот на трудот според седиштето на работодавачот. Тоа значи дека работодавачот треба да биде казнет заради ненавремено исполнување на законската обврска“, напиша професорката д-р Мирјана Најчевска, поповод штрајкот, на својот Фејсбук профил.

Минатата недела, директорот Никола Костов поднесе оставка, а на негово место Владата за в.д. директор го назначи Игор Коруновски, кој веднаш по назначувањето, оствари средба со владини претставници, но јавноста не беше информирана што е договорено на состанокот.

 

 

Tags: Владо МисајловскиИгор КоруновскиМакедонски железнициМирјана НајчевскаНикола КосотовШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ