• Latest

ЦИВИЛ бара одговорност за нерегуларностите!

December 13, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ бара одговорност за нерегуларностите!

December 13, 2016 15:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на првичните анализи, ЦИВИЛ – Центар за слобода на денешната прес-конференција јавно упати препораки и барања до ДИК и до другите надлежни институции.

Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода Џабир Дерала, на денешната прес-конференција побара целосно повторно пребројување на гласовите во сите изборни единици и ревизија на неважечките гласачки ливчиња, зашто, според податоците од избирачките места, при броењето на гласовите, за неважечките ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите! Освен тоа, ЦИВИЛ бара и прегласување во Избирачките места во кои е забележано сериозно кршење на гласачкото право и изборните процедури, а од ДИК овозможување увид во пребројувањето на гласовите, во ревизијата на неважечките гласачки ливчиња и во избирачкиот материјал – на заинтересираните домашни и странски набљудувачи.

Според Дерала, членовите на Избирачките одбори за кои ќе се утврди дека непрофесионално и неетички ја извршиле задачата или имале конфликт на интереси, да го изгубат правото да бидат избирани на таа позиција во наредниот изборен процес. Исто така, ЦИВИЛ бара и задолжително да се спроведе итна анализа и истрага за работата на ДИК и на нејзините тела, како и итни реформи на оваа институција, во пресрет на локалните избори во 2017 година, а МВР да ја провери процедурата за издавање лични карти во Охрид, на самиот изборен ден и во Прилеп, на ден пред изборите.

На денешната прес-конференција, Дерала ја соопшти и прелиминарната оценка на организацијата за изборниот процес, потенцирајќи дека, за жал, не може да се каже дека се одржаа слободни избори во Република Македонија. Тој ги потенцираше големиот број нерегуларности, катастрофалната состојба на Избирачкиот список, поради што „гласаа“ фантоми и починати лица гласаа, а живи луѓе не можеа да гласаат.

Дерала во името на ЦИВИЛ – Центар за слобода упати благодарност и честитки за одлично спроведена мисија на набљудување на ОДИХР, но и на другите странски мисии како што се IESC, DiploCat, SILBA, AEGEE и други. Посебна благодарност за поддршката од нашите партнери ГОНГ, Хрватска.

 

 

 

Tags: ДИКнерегуларностипресЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ