• Latest

ЦИВИЛ: Граѓани, не плашете се да гласате!

December 9, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Граѓани, не плашете се да гласате!

December 9, 2016 15:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение за јавноста, прес конференција пред ДИК, 9 декември, 13 часот.

Македонија ги дочекува изборите со целосна хаварија во Избирачкиот список. По сите теренски вкрстувања и проверки, „фантомите“ се сé уште на Избирачкиот список, а хаосот е дополнет со масовното исчезнување на граѓанки и граѓани кои досега не биле спорни и кои сé до затворањето на списокот, биле на него. Тие со години живеат  на иста адреса и гласаат на исто гласачко место.

img_9868
ЦИВИЛ, прес конференција, 9 декември 2016.

Само во периодот од 5-ти до 8-ми декември, ЦИВИЛ прими над 600 повици од граѓанки и граѓани, загрижени за тоа дали ќе имаат можност да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори!

ЦИВИЛ бара одговорност на Државната изборна комисија (ДИК) за исчезнатите гласачи кои, едноставно, без нивна вина, „исчезнаа“ од Избирачкиот список, односно, тие се избришани и доведени во ситуација да не можат да го остварат своето уставно загарантирано право на глас.

Хаосот во електронскиот список на гласачи и партизираноста на ДИК, не смеат да бидат причина за уште една изборна манипулација со волјата на граѓаните.

ЦИВИЛ бара од ДИК и од Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, да им овозможат на сите гласачи со валидни документи да гласаат. ЦИВИЛ упатува отворена порака до Избирачките одбори, Општинските изборни комисии и до ДИК – стриктно да ги почитуваат и да ги спроведуваат законите и изборната процедура и адекватно да ги информираат гласачите, особено ако ги „снемало“ од списоците.

Доколку членовите на Избирачкиот одбор утврдат дека гласачот го нема во изводите од Избирачкиот список, задолжително да го упатат во подрачното одделение на ДИК, за на интернет страницата www.izbirackispisok.gov.mk, да се провери дали тој е запишан во Избирачкиот список и ако е запишан, во кое избирачко место може да гласа. Оние што имаат валидни документи, а потполно се избришани, да им се овозможи да гласаат соодветно со максимално широко толкување на Изборниот законик.

 

ЦИВИЛ повторно потенцира дека е строго забрането да се уценуваат и заплашуваат гласачите. За жал, сé до последниот ден на кампањата, продолжуваат притисоците врз гласачите!

Од почетокот на втората недела од предизборната кампања, до ЦИВИЛ стигнаа уште над 100 пријави од сите краишта на Република Македонија. Вкупно, над 170 случаи на притисоци, закани, злоупотреби и други категории на нерегуларности, пристигнаа во ЦИВИЛ од 21-ви ноември до 8-ми декември, не броејќи ги пријавите кои се однесуваат на проблемите со Избирачкиот список.

ЦИВИЛ бара веднаш да се престане со заплашување, уцени, притисоци и со купување гласови. ЦИВИЛ им гарантира анонимност на сите граѓани кои ќе пријават неправилности, и ги охрабрува веднаш да ги пријават сите нерегуларности и злоупотреби. Ги повикуваме избирачите слободно да излезат на 11 декември на избори, затоа што никој не смее да го крши или узурпира нивното право – слободно да ја изразат својата волја за тоа кој треба да ја води Македонија во следниот период.

ЦИВИЛ бара од политичките партии да ги почитуваат законите и правилата за фер и демократски, слободни избори. Бараме од сите учесници во изборниот процес да помогнат изборите да поминат во мир и во демократска атмосфера, без насилство!

Бараме почитување на изборниот молк, а медиумите на изборниот ден да известуваат – не навивачки, туку коректно и објективно. Особено предупредуваме да нема говор на омраза или повици на насилство.

ЦИВИЛ ги повикува и набљудувачите, коректно да ја извршат својата должност и да ја известат македонската јавност за сите забележани неправилности и кршење на правата на гласачите.

За овозможување на сите граѓанки и граѓани да го остварат своето право на глас, ЦИВИЛ ги повикува работодавачите да им овозможат на вработените кои и во недела се на работните места да излезат од работа и да гласаат, а од избирачките одбори бара да го олеснат пристапот до избирачкото место на лицата со посебни потреби.

Со оглед на нетранспарентноста на финансирањето на кампањите на политичките партии, ЦИВИЛ бара на јавноста да ѝ станат достапни целосни и детални финансиски извештаи, и спроведување на вистински надзор, за да се знае кој од какви извори ги финансирал партиите со колкави износи и за што тие средства се потрошени.

Јавноста има право да знае!

Државата е должна да го почитува и заштити правото на глас!

Одговорните за изборните нерегуларности и отежнувањето на изборниот процес мора да одговараат!

Tags: ДИКМакедонијанерегуларностипресфантомиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ