• Latest

ЦИВИЛ: Изборната администрација предизвика најголем број нерегуларности

October 19, 2017

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Изборната администрација предизвика најголем број нерегуларности

October 19, 2017 10:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Втор пост-изборен извештај на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ – Центар за слобода состави извештај за нерегуларностите од изборниот мониторинг и го достави до Државната изборна комисија на 17 октомври, во 17:10 часот. Тоа е само извештај, а не е приговор, бидејќи организациите на граѓанското општество не се овластени за поднесување приговори, туку тоа можат да го сторат само подносителите на кандидатските листи и граѓанките и граѓаните. Сепак, ЦИВИЛ поднесува извештај до ДИК во законскиот рок за приговори, во надеж дека оваа институција ќе постапи соодветно на своите ингеренции и врз основа на нашите информации, ќе преземе соодветни чекори во рамките на законот. Такво нешто не се случи на изборите минатата година. 

ЦИВИЛ спроведе строга селекција и верификација на обработени над 240 извештаи за изборни нерегуларности доставени до Координативното тело за избори на организацијата на денот на изборниот молк и на денот на гласање. Аналитичкиот тим  издвои вкупно 199 извештаи во кои се сведочи за кршење на изборниот молк, закани и притисоци, незаконито однесување на избирачкиот одбор, проблеми со Избирачкиот список, семејно и групно гласање, нарушување на тајноста на гласање, пречекорување на овластувањата и за поткуп на гласачи и насилство.

Табела 1

Класификација на настанотn%
1Незаконито постапување на ИО5628,14
2Друго4422,11
3Проблеми со Избирачкиот список2110,55
4Семејно и групно гласање199,55
5Нарушување на тајноста на гласање189,05
6Кршење на изборниот молк178,53
7Закани и притисоци73,52
8Опструкции на работата на набљудувачите42,01
9Попречување на гласањето42,01
10Поткуп на гласачи42,01
11Пречекорување на овластувањата31,51
12Насилство21,01
Вкупно199100
n-број на извештаи од теренот

 

Според статистиката на ЦИВИЛ, најмногу нерегуларности се бележат во категоријата „Незаконито постапување Избирачкиот одбор (ИО)“, односно 28,14%. Во шест случаи, акредитирани набљудувачи на изборниот ден биле инволвирани во некоја изборна нерегуларност, гласачите биле инволвирани во 14,54% од доставените извештаи за изборни нерегуларности, а евидентирани се и 2 случаја на насилство.

Категоријата „Друго“ во Табела 1. опфаќа 44 случаи на проблеми со изборниот материјал, како што се бројот и квалитетот на гласачките ливчиња, нефункционирање на УВ ламбите, непристапноста до избирачките места, лошата поставеност на  параваните за лица со специјални способности, и низа други проблеми кои се индиректно поврзани со лошите перформанси на изборната администрација, вклучително и на ДИК и општинските изборни комисии.

Од друга страна, како што беше нагласено и на прес конференциите на ЦИВИЛ во текот на изборниот ден, како и на прес конференцијата веднаш по денот по изборите, голем дел од избирачките одбори беа принудени да покажат многу креативност и многу трпение, за да се спроведат изборите. Ги сечеа гласачките ливчиња со ножици, стоеја пред гласачките кутии за да им објаснат на гласачите каде да ги стават ливчињата, бидејќи беа нејасни и со слични бои, некои пенкала не работеа, не им работеа УВ ламбите, мораа да ги пребројуваат сите гласачки ливчиња и многу други постапки.

Иако би требало да е дел рутинска подготовка, по толку спроведени изборни процеси, ДИК овојпат подготви изборен материјал кој беше сериозен предизвик за сите, а најмногу за гласачите и избирачките одбори.

Сепак, голем број избирачки одбори не си ја вршеа својата задача според процедурите и законот. Поточно,  во системот на ЦИВИЛ за внесување на извештаите од теренот, на прашањето „Кој ја предизвикал нерегуларноста?“, изборната администрација е најчестиот причинител. Дури 121 извештај говори за изборната администрација (од ДИК до избирачките одбори) како одговорна за нерегуларностите, односно 60,80% од извештаите доставени до ДИК.

Повторно, како и во претходните изборни процеси, нашите набљудувачи нотираат дека одделни членови или раководители на избирачките одбори грубо ги кршат процедурите и Изборниот законик. Дел од нив се забележани како агитираат или соработуваат со партиските штабови во мобилизацијата на гласачи. Исто така, тие во неколку случаи, нотирани од набљудувачите на ЦИВИЛ, го повредуваат правото на глас со несоодветно обележување на спреј на гласачи за кои дури подоцна, откриваат дека не се во Избирачкиот список на тоа избирачко место, за потоа, тие да не можат да гласаат на соодветното место.

Дел од членовите на избирачките одбори прават груби грешки и поради непознавање на процедурите. ЦИВИЛ и пред изборите алармираше дека ДИК и општинските изборни комисии овозможуваат недоволно квалитетна обука за членовите на избирачките одбори, наспроти долгите и скапи подготовки на едукативниот материјал (видео, прирачници…).

Во предизборниот извештај на ЦИВИЛ, меѓу другото, стоеше и дека: „Општинските изборни комисии кои требаа да ги обучат членовите на Избирачките одбори, не посветија доволно внимание на тренингот. Сметаме дека не се доволни триесеттина минути, од кои првите 10 се кратка презентација, а потоа видео проекција од која членовите на ИО доаѓаат до сознанија, односно инструкции за тоа што треба да прават на денот на гласање. Ова не е доволно и повторно ќе се најдеме во ситуација во која членовите на ИО дури и ненамерно ќе мораат да ги кршат процедурите и законот, затоа што немаат доволно информации.“

Што се однесува до правото на глас, тоа и на овие избори беше повредено во неколку стотици случаи, кога дел од граѓанките и граѓаните не беа во можност да го искористат своето фундаментално човеково право – правото на глас.

Во предизборниот извештај на ЦИВИЛ, се алармираше дека: „Имаме над 120 случаи на ‘исчезнати’ гласачи од Избирачкиот список. Гледаме многу индикативни и симптоматични примери за тоа дека Државната изборна комисија, односно, администрацијата не успева да излезе во пресрет на барањата на граѓанките и граѓаните.“

Понатаму, ЦИВИЛ ја критикуваше ароганцијата на институциите со констатацијата:

„Кога веќе видовме пример, односно, правен преседан, кога во време на изборен процес, спротивно на принципите на стандардите, се менува законот, се менува дури и самата структура на Државната изборна комисија, тогаш можеше да се изнајдат ресурси и време да се реши проблемот на граѓанките и граѓаните кои евентуално на денот на гласање не ќе можат да се најдат во Избирачкиот список. Не мора да се оди премногу далеку, доволно е да се погледнат хрватските искуства и да се види дека може едноставно да им се овозможи правото на глас граѓанките и граѓаните. Предвидуваме дека на денот на гласањето ќе имаме многу вакви поплаки кога луѓето едноставно ќе бидат немоќни. Тоа е кршење на човековите права и кршење на законот. Дури и еден таков случај ќе биде сериозна повреда на фундаменталните човекови права.“

Тие предвидувања се остварија.

Активистите на политичките партии се однесуваа како да не постои забрана за партиско дејствување во време на изборниот молк. Тие, едноставно, не престанаа со кампањата, а нотирани се и случаи на партиски притисоци и закани, агитација, мобилизација и превоз на гласачи, како и поткуп. Се издвојува случајот кога се забележани партиски активисти кои среде бел ден лепеле плакати на една од главните сообраќајници во општина Бутел.

Табела 2

Кој ја предизвикал нерегуларностаn%
1Изборна администрација12160,80
2Партии3216,08
3Гласачи2914,57
4Друго94,52
5Набљудувачи63,02
6Администрација21,01
Вкупно199100

Во Аеродром беа очекувани изборни нерегуларности, според претходното искуство во изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, што и се оствари. Во првиот извештај, ЦИВИЛ наведува 22 случаи на изборни нерегуларности токму во оваа општина. Тие случаи подразбираат незаконито постапување на изборната администрација, партиите и партиските активисти, семејно и групно гласање… Во Куманово се регистирани 14 случаи на изборни нерегуларности и тоа најмногу за незаконито однесување на избирачките одбори, семејно и групно гласање и проблеми со Избирачкиот список.

Табела 3 го прикажува бројот на извештаи за изборни нерегуларности според општините. ЦИВИЛ напоменува дека ова се податоци од конечно усвоени 199 извештаи од теренот. Останатите извештаи се обработуваат, но не се очекува сериозна промена во финалната статистика. Во меѓувреме, ЦИВИЛ објавува поединечни извештаи од теренот кои говорат за изборните нерегуларности во детали.

Табела 3

Општиниn
1Аеродром22
2Берово2
3Битола4
4Бутел4
5Валандово1
6Велес4
7Врапчиште2
8Гази Баба13
9Ѓорче Петров4
10Гостивар5
11Демир Хисар3
12Делчево1
13Капиштец1
14Карпош11
15Кисела Вода8
16Кисела Вода (Драчево)1
17Кичево10
18Крива Паланка3
19Куманово14
20Липково4
21Лозово2
22Неготино3
23Ново Село1
24Охрид1
25Петровец2
26Прилеп7
27Пробиштип1
28Ресен7
29Ростуше2
30Сарај12
31Свети Николе2
32Скопје1
33Струга1
34Тетово5
35Центар12
36Чаир6
37Чашка3
38Штип5
39Шуто Оризари3
40/6
Вкупно199
Според методологијата усвоена од ЦИВИЛ, сè што доаѓа како извештај од теренот, се обработува и веднаш се публикува преку медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа и достапно е за јавноста, што значи дека извештаите на ЦИВИЛ постојано се надоградуваат со нови податоци и даваат детална и сеопфатна слика на процесот.
Подготвија: Биљана Јордановска, Емилија Балтовска
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки одбориизбирачки списокизбориизборни нерегуларностимониторингОИКпартиистатистикаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ