• Latest

ЦИВИЛ регистрира нови случаи на кршење на процедурите и Изборниот законик

October 15, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ регистрира нови случаи на кршење на процедурите и Изборниот законик

October 15, 2017 17:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ соопшти нови случаи на изборни нерегуларности на прес конференцијата во 15:30 часот. Сепак, претседателот на ЦИВИЛ го сподели впечатокот дека овој изборен процес тече мирно и во знакот на далеку пофункционални институции и демократска атмосфера.

За почеток на прес конференцијата, тимот на ЦИВИЛ подготви две видео снимки од граѓански новинари, едната од Шуто Оризари, а другата од село Црешево, општина Гази Баба.

На првото видео очигледна е злоупотребата на деца и кршење на изборниот молк во Шуто Оризари.

Во село Црешево, општина Гази Баба, во ист објект во посебни влезови, се наоѓаат избирачкото место 2549 и штабот на една политичка партија. Партиските активисти гласно ги повикуваат гласачите пред да влезат на гласање, прво да влезат во партискиот штаб, а потоа да си го остварат правото на глас.

„Избирачките одбори денеска често се во ситуација да бидат креативни и да смислуваат начини како да ги надминат проблемите со избирачкиот материјал“ – изјави Џабир Дерала.

Пренесуваме делови од извештајот од набљудувањето на ЦИВИЛ во 15:30 часот:


Проблематичен изборен материјал

Се зголемува бројот на извештаи кои говорат за проблеми со изборниот материјал. Во десетина избирачки места (ИМ) кочанот со гласачките ливчиња не е перфориран, така што ИО се принудени да ги сечат со ножици, што одзема време и предизвикува турканици пред избирачките места.

Недостигаат гласачки ливчиња во кочанот на неколку избирачки места низ земјата.

Во село Ратево, беровско, на ИМ 0013 во ОУ „Цветан Димов“ ги нема сериските броеви на дел од гласачките ливчиња.

Исто така, во триесетина ИМ се бележи дека пенкалата или не работат или се многу бледи. Ова ќе предизвика проблеми при броењето на гласовите.

Се зголемува и бројот на пријави дека УВ ламбите не работат. Од рано изутрина пристигнаа околу педесет извештаи за расипани УВ ламби во избирачките места низ целата земја.

Во ИМ 1376, во Прилеп, зад параванот се пронајдени 3 незаокружени гласачки ливчиња со удрен печат.

На улица во општина Аеродром, набљудувачката на ЦИВИЛ нашла сигурносна врвца за изборниот материјал, што е пријавено во ОИК и МВР.

Семејно и групно гласање

Семејно и групно гласање се бележи во општините Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Кичево, и Битола. Незаконито постапување на претставници на една политичка партија, се регистрира на ИМ 0654 во Демир Хисар. Набљудувач на една партија отишол зад параванот заедно со гласач и гласал наместо него, Во моментов чекаат да дојде полиција, гласањето не е прекинато.

Фотографирање на гласачкото ливче

Нарушување на тајноста на гласањето има во 11 случаи и тоа во општините Центар, Гостивар, Аеродром, Неготино, Штип, Велес, Демир Хисар, Куманово и Тетово.

Во оваа категорија спаѓаат и случаите на фотографирање на гласачкото ливче. Така, на ИМ 2809 во општина Центар, населба Капиштец, гласач го фотографирал гласачкото ливче, но никој не реагирал. Истото е нотирано и на ИМ 2267 во Штип, исто така без реакција од изборната администрација.

Незаконито постапување на Избирачкиот одбор

Незаконито постапување на Избирачкиот одбор и проблеми поврзани со процедурите имаме во 39 случаи и тоа во: Прилеп, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош, Сарај, Липково, Куманово, Петровец, Бутел, Центар, Гостивар, Кисела Вода, Штип, Битола и Врапчишта.

Во ИМ 2554/1, во Ѓ. Петров, на гласач, наместо 4, му дале 6 ливчиња, по што гласачот ги пополнил сите. Било прекинато гласањето во 7:35. ИО одлучил да го заокружи секое лого на партиите на ливчето и да ги стави во кутија, што веројатно ќе значи дека тие две гласачки ливчиња ќе бидат прогласени за неважечки. Во ИМ 2809, во општина Центар, населба Капиштец, се случи истото. На гласач му се дадени пет ливчиња кои ги пополнил, а потоа самиот ја увидел грешката. ИО ја повикал ОИК, а побарана е асистенција и од ДИК.

ИМ 2716 во Аеродром, една граѓанка е прво обележана со спреј, а потоа се утврдило дека не е во ИС. Таа повеќе не можела да го искористи своето право на глас.

Проблеми со Избирачкиот список

За жал, мораме да констатираме дека прогнозите на ЦИВИЛ дека на изборниот ден ќе има случаи во кои граѓанки и граѓани нема да бидат во состојба да го остварат своето фундаментално човеково право на глас. Проблемите со Избирачкиот список најчесто подразбираат случаи во кои гласачите не можат да го остварат своето гласачко право, затоа што се избришани од Избирачкиот список. Во оваа категорија имаме 10 извештаи и тоа од општините Кисела Вода, Берово, Крива Паланка, Гази Баба, Куманово, Петровец, Ростуше, Аеродром и Ѓорче Петров.

Апел

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува политичките партии да се воздржат од кршење на Изборниот законик и демократските стандарди, а воедно апелираме до сите граѓанки и граѓани да пријавуваат нерегуларности.

Tags: избирачки списокизборинерегуларностипресЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ