• Latest

ЦИВИЛ: Секој збор и постапка се скапоцени!

September 21, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ: Секој збор и постапка се скапоцени!

September 21, 2017 14:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден на мирот, ЦИВИЛ – Центар за слобода им се приклучува на сите мирољубиви луѓе ширум светот, во потрагата по еден ден, целосно исполнет со мир, слобода и демократија, со пораката дека сите подеднакво заслужуваме да живееме во мир, слобода и достоинство!

Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот. И оваа година, на 21 Септември, Меѓународниот ден на мирот, мирот е достижен само ако заеднички се избориме и ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања, ги почитуваме човековите права и слободи и веруваме дека сите подеднакво заслужуваме да живееме во мир, слобода и достоинство.

Во своето соопштение, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани во Македонија, своите членови и поддржувачи, активистите, волонтерите, граѓанските здруженија, но и политичките субјекти, на овој ден, искрено да посакаат и да делуваат за ширење на мирот, не заборавајќи ги оние на кои им е потребна помош и разбирање во нивната борба за достоинствен живот. Секој поединец треба да придонесе кон надминување на омразата, предрасудите, национализмот, насилството и култот кон оружјето, а сите заедно, може да испратиме моќна порака за мир. Секој збор и постапка се скапоцени. Носителите на јавни функции треба да изразат јавна поддршка на мирот и да ја манифестираат преку конкретни чекори и мерки и да тежнеат кон светски мир.

ЦИВИЛ изразува надеж дека незаинтересираноста за мирот наскоро ќе стане минато и дека Македонија повторно ќе стане земја во која мирот се негува и се промовира, како од институциите, така и од граѓанките и граѓаните, кои заеднички ќе се соочат и ќе изнајдат начини за борба против меѓуетничките конфликти, сиромаштијата, гладот, социјалната нееднаквост, деградацијата на животната средина, корупцијата…

На 19 септември 2013, ЦИВИЛ поднесе иницијатива до Собранието на Македонија, 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот и 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права, да бидат прогласени за национални празници.

Tags: иницијативајавна поддршка на миротмирнадминувањеООНпоракасоочувањеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ