Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг и поддршка во Струмица, во присуство на локалните медиуми и заинтересираните граѓанки и граѓани, сподели информации за проектот Напред! и за можноста да се приклучат во изборното набљудување.
Исто така, беа поделени околу 800 флаери со информативен и едукативен материјал за јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Струмичани срдечно нé пречекаа и изразија голема поддршка и желба за соработка во активностите на ЦИВИЛ за време на изборниот процес.
Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.