• Latest

Злоупотребите на социјалната правда – нокаут за демократијата и владеењето на правото

November 1, 2016
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Злоупотребите на социјалната правда – нокаут за демократијата и владеењето на правото

November 1, 2016 16:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го отвори подиумот за повеќе експерти, претставници на политичките партии, синдикатите и организациите на граѓанското општество кои се занимаваат со човекови права и со социјална правда, да проговорат за злоупотребите на социјалната правда за изборни цели во пилот проектот „Ветувања и злоупотреби“ кој се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, канцеларија во Сараево.

HBSconfSK 31Oct2016
Конференција на ЦИВИЛ за злоупотребите на социјалната правда за изборни цели

Учесниците во проектот се поделени во три категории: 1) експерти, 2) политички партии и 3) граѓански организации и синдикати. Секоја од категориите доби идентични прашања поврзани со овие теми, на кои одговараа во видео интервјуа за ЦИВИЛ Медиа. Истражувачите на ЦИВИЛ работеа на откривање случаи на злоупотреби и манипулации со социјално загрозените граѓанки и граѓани за изборни цели, кои ќе бидат објавени во наредниот период. Тие случаи се јасна и недвосмислена илустрација за реалноста во Македонија.

Учесници во проектот

Во категоријата експерти, За ЦИВИЛ Медиа говореа професорката Мирјана Најчевска, Мила Царовска, Џевдет Хајредини, Милан Живковиќ и Бранимир Јовановиќ. Како претставници на граѓанските организации и синдикатите говореа Калинка Габер (Прогрес), Гоце Делчев (Независен синдикат на полицијата), Билјана Дуковска (Македонска платформа против сиромаштијата), Зекир Абдулов (КХАМ Делчево), Несиме Салиоска (Рома С.О.С. – Прилеп) и Пеце Ристески (Синдикат на индустрија, енергетика и рударство). Наспроти сите обиди да добиеме одговор на идентични прашања и од Живко Митревски, претседателот на ССМ, тој до објавување на овој документ не одговори потврдно на нашата покана за учество. Во категоријата политички партии, наши соговорници беа: Лилјана Поповска (ДОМ), Здравко Савески (Левица), Ивон Величковски (Либерална партија на Македонија), Кастриот Реџепи (Беса) и Самка Ибраимовски (ПЦЕР).

Наоди и заклучоци

Без исклучок, сите соговорнички и соговорници одговараат потврдно на прашањето дали социјално загрозените категории во Македонија се злоупотребуваат во политички, односно, изборен контекст.

Нашите соговорници и соговорнички изнесуваат низа детали за нивните искуства, сознанија и анализи за злоупотребата на сиромашните и ранливите граѓанки и граѓани, за коруптивните политики и практики на власта, но и за долгорочните ефекти на ниската политичка култура во овој контекст. Видео и текстуалниот материјал кој се објави досега во проектот „Ветувања и злоупотреби“ донесува и крајно загрижувачки статистики кои сведочат за бескрупулозната злоупотреба токму на најсиромашните слоеви во општеството.

Понатаму, се забележува заедничка позиција на најголем дел од учесниците во проектот и во поглед на прашањето за тоа кои ветувања за социјална правда се реално остварливи, а кои ветувања претставуваат своевидна политичка корупција, односно, поигрување со очекувањата на гласачите. Без оглед на различните позиции и категории на соговорниците, се извлекува заклучокот дека политичките партии, особено оние што настапуваат од позиција на власт, ветуваат многу повеќе отколку што може да се очекува да остварат. Нивните ветувања имаат краток рок и се крајно популистички, манипулативни и коруптивни. Ваквото однесување на политичките центри на моќ газат врз човековото достоинство и ја деградираат демократската димензија на изборниот процес.

Заклучоците и анализите кои ЦИВИЛ ќе ги објавува и во овој проект се засновани и на извештаите на мониторингот на ЦИВИЛ во проектите за изборен мониторинг „Напред!“ и „Набљудуваме“, како и прилозите на бројните граѓански новинарки и новинари во проектот „Граѓански објектив“.

HBS conf Xhabir 31102016 - Copy
Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Анализа

Злоупотребата на прашањата поврзани со социјалната правда во Република Македонија е ноторна и има долга традиција во изборните процеси и контексти. Поточно, политичките партии редовно си поигруваат со очекувањата на гласачите во земјата.

Целиот политички и општествен контекст е поставен во изборен контекст, придружен со тешки политички потреси, повремени безбедносни предизвици и тензии, како и со чести изборни процеси, меѓу кои и три вонредни парламентарни изборни процеси. Изборите закажани на 11 декември ќе бидат четврти вонредни парламентарни избори за осум години. Сите вонредни изборни процеси се одржуваат во сè позаострени состојби во сите сфери на општеството и државата, придружено со сериозно кршење на човековите права, отсуство на демократијата и на владеењето на правото.

Домашната и светската јавност подолго време се запознаени со фактите за владеењето на владината коалиција во Република Македонија. Тоа владеење е придружено со сериозни индикации и материјални докази за тешки криминални злоупотреби на моќта, структурно насилство, политичка корупција и изборни кражби кои во целост го разградуваат општественото ткиво и политичкиот систем на земјата.

Во такви услови, главната цел на владејачките структури е да се задржи и зацврсти власта, односно моќта и контролата. Тоа се постигнува со жестока партизација, односно со заробување на државата и на општеството. Со контролата врз финансиите и економијата, на владејачките структури им беше лесно да воведат високо коруптивна пракса на континуирано купување на наклоноста на гласачите, во комбинација со структурно насилство и жестока медиумска манипулација. Нереалните ветувања најчесто се граничат со криминална злоупотреба на јавните ресурси, буџетот и администрацијата во периодите меѓу два изборни циклуси, за потоа да премине во отворена и систематска злоупотреба и антидемократско владеење.

Општествено – политичкиот систем е нокаутиран, а со тоа се нокаутираат и сите вредности во кои може да се негува и развива демократијата и владеењето на правото. Затоа, широко распространетата шема на злоупотреби на очекувањата на граѓанките и граѓаните, без оглед на тоа колку е очигледна бескрупулозната измама и криминалот, изгледа како нормална и секојдневна појава. Тоа подразбира дека ветувањата за нешта што веќе им припаѓаат на граѓанките и граѓаните, според Уставот и законите, се припишуваат на милоста на Партијата која се однесува како стопан на животот, приватноста и стремежите на луѓето. Поделбите на подобни и неподобни стануваат критериум за тоа кој ќе добие социјална помош или работно место за мизерна плата и тешки услови, стануваат врвен дострел на социјалната политика на владејачките структури.

Токму во доменот на прашањата поврзани со социјалната правда, очекувањата намерно се зголемуваат и тоа во високо коруптивен манир. Политичката корупција длабоко се вгнезди во сите пори на општеството и државата, како на локално, така и на национално ниво.

Овие политики и практики доведуваат до состојба во која изборните процеси се, најблаго кажано, проблематични и нелегитимни, дури и да ги нема сите останати манипулации, злоупотреби и кражби на гласови.

Создавањето нереални очекувања со ветувањето за работни места или условувањето на социјалните бенефиции со лојалност или со глас на изборите, се најчестиот облик на злоупотребата на социјално ранливите граѓанки и граѓани. Многу од ветувањата претставуваат дискриминација и злоупотреба и практично воведување на политичка корупција и тоа во огромни размери, на сите нивоа. Тоа, во дадените услови, можат да го спроведат само партиите кои реално ја поседуваат власта и располагаат со парите на граѓанките и граѓаните. Со ваквото однесување, партиите на власт однапред го манипулираат изборниот резултат, го кршат Уставот и законите на Република Македонија и го стеснуваат просторот на гласачите слободно да ја изразат својата волја на денот на изборите.

poverty
Скопје 2016, фото: Биљана Јордановска

Јавен повик на ЦИВИЛ до политичките партии, институциите и гласачите

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува политичките партии, како од власта, така и од опозицијата, да се воздржат од коруптивни постапки во текот на изборната кампања. Институциите, регулаторните тела и медиумите се должни да се ослободат од партиските стеги и да реагираат на злоупотребата на социјалната правда за изборни цели.

Конечно, граѓанките и граѓаните на Република Македонија треба да се охрабрат и да ја искажат својата слободна волја и да гласаат според убедување, а не според лажните ветувања, а најмалку поради страв од притисоци или губење на придобивките кои им припаѓаат според Уставот и законите. Никој не е над законите и никој не може да располага со парите и благосостојбата на граѓанките и граѓаните како да се приватна сопственост.

Џабир Дерала

фотографии: Биљана Јордановска


ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објавува оваа анализа за злоупотребата на социјалната правда за изборни цели која произлезе од проектот „Ветувања и злоупотреби“ кој се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија во Сараево.

Заклучоците и анализите кои ЦИВИЛ ќе ги објавува и во овој проект се засновани, меѓу другото, на извештаите на мониторингот на ЦИВИЛ во проектите за изборен мониторинг „Напред!“, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа и „Набљудуваме“, финансиран од Амбасадата на САД, како и прилозите на бројните граѓански новинарки и новинари во проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

#СоцијалнаПравда | #DrejtesiSociale | @CivilMacedonia | @hbs_sarajevo
Print Friendly, PDF & Email
Tags: злоупотребиизборијавни ресурсиМакедонијасоцијална правдаФондација Хајнрих БелЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ