• Latest

Зошто е Унитети закана за ДУИ?

February 15, 2016

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Зошто е Унитети закана за ДУИ?

February 15, 2016 12:53
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера, политичката сцена кај Албанците во Македонија и формално стана побогата за еден субјект. Унитети (Единство), спротивно на насловот што го носи, е партија којашто, всушност, произлезе од поделби во владејачката ДУИ. Нејзин предводник е поранешниот воен водач на ОНА Гзим Острени, а дел од структурите на оваа нова партија се и поранешниот командант на ОНА и сегашен пратеник Зулфи Адили, како и други истакнати членови на поранешната воена формација, од која по конфликтот во 2001-та година, произлезе Демократската унија за интеграција, партија која неприкосновено владее со албанското население и победува на сите избори од 2002 – та година.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Како што неодамна изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заминувањето на неговиот поранешен прв соработник од партијата, му го скршило срцето. Веројатно, токму затоа, во овие денови, кога неговиот прв другар од 2001-та формира нова партија, неговите сопартијци се обидуваат да му го залечат. Со разно-разни настани и марифети.
Интересно, формирањето на новата партија деновиве, токму ДУИ го „следи“ со интензивна паралелна активност. На пример, токму на денот на формирањето на Унитети, ДУИ во Чаир организираше отворање на партискиот штаб, со прослава, ѓурултија и блокирање на целата населба. На кружниот тек во Топанско поле, набрзина, во недела и без „вообичаена“ помпа, беше поставен споменик на двоглав орел на постамент. Шефот на кабинетот на Ахмети, на 13-ти февруари на Фејсбук, „свечено“ ја одбележа годишнината на настаните од Кале и потсети на неговото „јунаштво“, а веднаш потоа, на неговиот профил на социјалната мрежа, упати отровни стрели на адреса на новоформираната партија.
Чуму толкава нервоза во ДУИ од формирањето на Унитети? Не верувам дека причината за тоа лежи во стравот од огромната сила која што ја располага оваа – тукушто формирана партија. Истражувањата на расположението на гласачите покажуваат дека кај Албанците рејтингот на ДУИ, иако е во пад, сепак, е највисок во споредба со другите субјекти, што во комбинација со сегашната разединетост во опозицијата, ја става владејачката партија во релативно комотна позиција.
Но наспроти тоа, не смееме да заборавиме дека формирањето на Унитети е прва посериозна поделба во владејачката партија на Албанците. Освен тоа, не се работи за какво било расцепување, туку за заминување од ДУИ на највисокиот воен раководител на ОНА, нејзиниот темел, како и на други значајни личности од оваа структура, што за ДУИ значи губење на патриотскиот ореол, на ореолот на воен победник. Во комбинација со „резултатите“ од досегашното владеење, при што продавањето патриотизам стана и останува единствената алатка на владејачката албанска партија, за замајување на сé посиромашните и погневни гласачи, одземањето токму на таа алатка од нејзините раце, за неа претставува најголема закана.
Затоа е толкава нервозата на „големиот“ ДУИ од „малиот“ Унитети. И токму затоа, во деновите што следуваат, ќе се изнагледаме жестоки напади на тие релации. Оти, навистина, Али Ахмети и неговите другари ги боли скршеното срце, но уште повеќе ги боли и помила им е – сé порасклатената фотелја.

Tags: албанско населениевоен раководителДУИУНИТЕТИ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ